Принцот Хари рече дека го предупредил директорот на Твитер, Џек Дорси за политичките немири во САД, ден пред да се случат смртоносните нереди и нападот на Капитол на 6 јануари.
„Предупредив дека неговата платформа дозволува изведување на државен удар“, рече принцот Хари на технолошкиот форум RE: WIRED во САД, пренесува „Би-би-си“.
„Тој е-мејл го испратив ден претходно, а тогаш се случи тоа што се случи и од тогаш се немам слушнато со него“, рече војводата од Сасекс.
Хари зборуваше на панелот на кој се расправаше за тоа дали социјалните мрежи допринесуваат за дезинформирање и ширење на говор на омраза. Во меѓувреме продолжи истрагата за тоа што се случи на 6 јануари, кога голем број приврзаници на Трамп, влегоа во зградата на Капитол.
Немирите во Вашингтон се случија по официјалната потврда на победата на Џо Бајден во трката за претседател на САД. За учеството во немирите беа обвинети повеќе од 670 луѓе. Истрагата се обидува да открие дали Трамп однапред знаел за нападот.