Професорот по англиска книжевност на Универзитетот „Колумбија“ Чарлс Ван Дорен, во педесетите години бил голема ѕвезда во американскиот телевизиски квиз „Дваесет и еден“. Неговата слава траела се додека во јавноста не се проширија гласини за наместеноста на квизот.
Ден Енрајт и Џек Бери се автори на телевизиски квиз. Енрајт, дојден во телевизијата со големо радиоискуство од правење радиоквизови, се здружува со Бери, со кого заедно од почетокот на 50-ите години на минатиот век за Ен-Би-Си го прават во тоа време најпопуларниот квиз „21 на Џеритол“. „Џеритол“, е тоник што го произведува „Pharmaceuticals, Inc“, главниот спонзор на емисијата. Во суштина, квизот е наместен уште од самиот почеток. Енрајт во едно интервју вели дека уште по првата емисија, која имала слаба гледаност, му се јавил спонзорот и му најавил дека ќе го укине спонзорството ако гледаноста не се зголеми.
Тогаш во квизот се појавува Ван Дорен. Тој потекнувал од угледно семејство. Бил образован, згоден, угледен интелектуалец со одлични академски постигнувања. Неговиот татко бил добитникот на Пулицеровата награда Марк ван Дорен и мајка му писателката Дороти ван Дорен. Чарлс бил внук на познатиот историчар Карл ван Дорен.
Чарлс имал добра позиција на „Колумбија“ колеџ каде предавал. Дури 14 недели, од 28 ноември 1956 година до 11 март 1957 година, Ван Дорен ја воодушевувл педесетмилионската публика со своите настапи на квизот, одговарајќи на прашања од типот – „Црното море е споено со Егејското море преку два теснеци и помало море. Наведете ги (1) двата теснеци (2) помалото море и (3) четирите земји кои се граничат со Црното море“.
Откако ќе си ја гризнел устата, ќе промрморел нешто нејасно, ќе ја избришел поттоа од челото, Ван Дорен на краојот ќе го одоговорел точниот одоговор. Дорен ќе ги напроебл сопругите на Хенри VIII и ги раскажал нивните судбини. Навел и четири американски потпретседатели во дваесетите години.
На крајот го погрешил името на белгискиот крал. Тогаш Ван Дорен си заминал со 129.000 долари добивка, што во денешно време претставува повеќе од милион долари. Во тоа време се појавил на насловната страна на „Тајмс“, примил повеќе од 20.000 писма од обожаватели, отфрлил десетина брачни предлози и потпишал договор вреден 150.000 долари дека во наредните три години ќе се појави на емисии на NBC.
Но, тогаш почнале да се шират гласините за вистината за телевизискиот квиз. Некои од натпреварувачите признале дека квизовите се наместени. Сомнежите дека нешто не е в ред почнуваат уште при првото учество на Ван Дорен на квизот. Имено, дотогашниот неприкосновен победник Херберт Стемпл, ексцентрик со мошне висок коефициент на интелигенција, не може да го погоди името на филмот што добил „Оскар“ претходната година (станува збор за „Марти“ на Хичкок, инаку, според подоцнешното признание, омилен филм на Стемпл), како и со прашањето со кое генијалниот Дорен го напушта квизот (не знае под кој наслов се објавени мемоарите на Винстон Черчил од Втората светска војна).
Првите знаци дека нешто е гнило почнуваат со писмата до сите надлежни институции токму од страна на фрустрираниот Стемпл. Ед Хилгемаер, учесник на квизот наречен „Дото“ носи докази за местење на победникот, а Џејмс Снодграс, учесник во квизот „21“ ги приложува писмата во коишто му биле пратени одговорите. Медиумите почнуваат да го одмотуваат клопчето, дури и претседателот Ајзенхауер вели дека станува збор за „голем срам за Америка“. Младиот обвинител Џозеф Стоун ја активира Големата порота, односно Врховниот суд, но резултатите доаѓаат дури во октомври 1959 година, кога Конгресот почнува да расправа за овој случај.
Ван Дорен се до 2 ноември 1959 година, тврдел дека гласините се лажни и дека тој нема учествувано во никакви измами. Освен што ја лажел јавноста преку медиумите, тој продолжил да го лаже и семејството и пријателите. Ја излажал и поротата на Менхетен за своите настапи.
Дури во 1959 година, на истражителите од Конгресот им кажал дека емисиите биле лажни и дека прашањата и одговорите му биле однапред давани. Признал дека бил подучуван да ги драматизира одговорите и целиот квиз да го претвори во еден вид на претстава.
„Би дал сè што имам за да можам да го променам мојот живот во изминатите три години“, изјавил Дорен.
Дорен ќе ја изгуби работата на Универзитетот, NBC ќе му го откаже договорот, а заедно со другите кои ја лажеле поротата за своите улоги во квизот, добил условна казна. Многу натпреварувачи ја споделија вината, но Ван Дорен беше посебно во фокусот на јавноста. Посрамотен, станал уредник и пишувал псевдоними.
Се вработил во Енциклопедијата „Британија“ и се преселил во Чикаго во 1965 година. На крајот станал потпретседател задолжен за уредништво. Напишал и бил коавтор на десетина книги. Во пензија заминал во 1982 година. Месец дена по неговиот последен настап во квизот „Дваесет и еден“, во 1957 година, тој се оженил со Џералдин Ен Бернстин, која ја запознал година дена претходно. Добиле две деца, синот Џон и ќерката Елизабет.
Децении одбивал јавно да говори за овој скандал. Одбил да учествува и во документарецот за тоа направен во 1992 година, или во филмот на Роберт Ретфорд од 1994 година. Овој филм „Квиз шоу“, бил голем хит, а се фокусирал токму на Ван Дорен кого го играл Ралф Фајнс. Во својот текст за „Њујоркер“, Ван Дорен вели дека одбил 100.000 долари за да му биде консултант на Ретфорд. Чарлс Ван Дорен почина во април годинава.