Прв ХБО-документарец – Да не беше Тито, Американците немаше да слетаат на Месечината

Станува збор за една од најлудите теории на заговор по Студената војна, а документарецот за наводната југословенска вселенска програма во април минатата година ја имаше својата светска премиера.

На филмскиот фестивал „Трибеца“ во Њујорк во април минатата година својата светска премира ја имаше филмот „Хјустон, ние имаме проблем“ од Словенецот Жиг Вирца, кој се занимава со една од најголемите теории на заговор од Студената војна. Дали Југославија имала вселенска програма која Тито им ја продал на Американците, нешто по кое Американците успеаја да слетаат на Месечината?

Во продолжение на филмот приказната вели дека Југославија својата програма ја развила на темелот на тајните дневници од еден угледен словенски научник и вселенскиот пионер Херман Поточник, кој наводно се откриени во 1947 година, а вселенската програма е воспоставена веќе в година.

На крајот на 1960 година САД дознаваат за југословенската вселенска програма, а во март 1961 година, како што тврдат авторите, Југославија ги продала на Американците.

Тито во 1961 година ја продал југословенската вселенска програма на Американците, која тајно е развиена во објектот „505“ во еден подземен аеродром.

Благодарение на овој голем подарок Американците го испратија првиот човек на Месечината, а Југославија стана веднаш по тоа најпросперитетната комунистичка држава, додека Јосип Броз Тито стана вистински плејбој и еден од најугледните светски лидери. Најголемата тајна на студената војна меѓу СССР и САД со децении беше скриена во една од најтаинствените воени бази во тогашното време во подземен аеродром во близина на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина.

Тоа беше најголемиот подземен вселенски центар во Европа, а наводно таму дури и се изработувале ракети за САД, додека Тито и Јованка редовно го посетувале седиштето на НАСА во Хјустон.

За нешто повеќе од еден месец, филмот (инаку, прва HBO-продукција во овој дел на Европа) е можеби најлудата приказна од поранешна Југославија која ќе биде претставен на светската јавност, а трејлерот ќе заврши со зборовите на Ричард Никсон: „Ќе ги збришеме југословенските курвини синови од лицето на земјата. Го мислам тоа сериозно“.

 

Scroll to Top