Путин ќе го искористи Мундијалот како Хитлер што ги искористи Олимписките игри

Британците го обвинуваат претседателот на Русија, Владимир Путин, дека ќе го искористи Мундијалот како Хитлер што ги искористил Олимписките игри во Берлин.

Кризата на односи меѓу Велика Британија и Русија поради убиството на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка, кои се отруени во еден британски паб, деновиве имала нова епизода.

Во британскиот парламент дури се слушнал и предлогот Англија да го бојкотира претстојниот Мундијал во Русија.

„Тоа ќе биде промоција на режимот на Путин. Путин ќе го искористи Светското првенство за пропаганда како што Хитлер ги користел Олимписките игри во 1936 година за да го пропагира нацизмот“, изјави претставник на лабуристите Јан Остин.

На зборовите на Остин се надоврзал и шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон.

„Споредбата на претстојниот Мундијал со Игрите во Берлин е правилна“, изјавил Џонсон.

 

 

 

 

Scroll to Top