Претседателот Путин го возврати ударот за финансиската доминација на западните елити заканувајќи се дека ќе ја уништи глобалната финансиска и трговска хегемонија која ја води САД.
Говорејќи за време на самитот на BRICS во Кина, Путин изјави дека сега е време да се воспостави „слободна економија“, и да се уништи неправедната глобална финансиска и економска архитектура.
Стратегијата на Путин има за цел прво да го консолидира политичкото единство на новите светски сили и со нив да ги нападне постоечките институции на расипаниот Запад, а особено нивните валути и хегемонија и нивната структура на финансиска моќ, ММФ и Светската банка, пишува Russia – insider.com.
„Русија се залага за „темелно отворено, еднакво и обострано корисен мултилатерален трговски систем и засилување на улогата на WTO“.
Особено значајно и добредојдено е што Путин во својата анализа направи индентификација на монополистичката доминација на стветската трговија од страна на западните трансанционалните корпорации како главен структурен проблем.