Рајан Гослинг им забрани на своите деца да гледаат „Барби“

Рајан Гослинг кој глуми заедно со Маргот Роби во филмот „Барби“, и покрај големата популарност на филмот, им забранил на своите ќерки, деветгодишната Есмералда и седумгодишната Аманда да го гледаат. Причината е многу едноставна – тој не сака да го гледаат како Кен, односно да го поистоветуваат со тој лик.

„Не знам дали би требало да го гледате својот татко како Кен. Не знам на која возраст е добро да се види татко ви во таа улога. Тоа е прилично лудо“, рече тој на филмскиот фестивал во Санта Барбара.

Иако не им е дозволено да го гледаат филмот, тие поминале еден ден со него на снимање за да го видат „во акција“.

„Тие видоа мали делови од тоа и дојдоа на сетот на денот кога работев една песна“, рече Рајан.

 

Scroll to Top