Актерот Џиани Русо (75), кој глумеше во филмот „Кум“, тврди дека поранешната холивудска актерка Мерлин Монро не починала од предозирање, како што потврдила нејзината обдукција, туку дека таа била ладнокрвно убиена од страна на Роберт Кенеди, братот на поранешниот американски претседател Џон Кенеди.
Русо вели дека Роберт сакал да ја сокрие аферата која во тоа време Џон Кенеди ја имал со Мерлин Монро. Актерот признал дека и тој на негова 16-годишна возраст имал афера со холивудската дива.
„Тоа мораше да биде Роберт. Никој друг не би се осмелил да ја убие. Мафијата тоа не би го направила. Им се допаѓаше. Монро беше девојка на која можеше да ѝ дадете неколку таблети и пијалак и таа ќе завршеше во кревет со вас“, изјавл Русо за весникот „Њујорк пост“.
„Човек познат како ‘Доктор’, познат убиец ѝ вбризгал воздух во вената во близина на интимната зона. Мерлин Монро почина од емболија, но на обдуцентот му изгледало како предозирање со дрога“, изјавил Русо.
Русо признал дека со Монро спиел во повеќе наврати, а својот прв интимен однос со неа го имал кога имал 16 години, а таа 33 години. Русо открил дека Мерлин била неговата најдобра љубовница.
„Таа беше девојка која сакаше да му угоди на секој маж“, објаснува Русо.
Тој вели дека ако мафијата има вмешано прсти во случајот со убиството на Монро, тоа не е затоа што директно го нарачале убиството, туку сакале да ги разоткријат браќата Кенеди.
„Имаа план тајно да ги снимат тројцата, Мерлин Монро, Џон и Роберт Кенеди во клинч. Со снимката планираа да го уценуваат претседателот. Сепак, планот никогаш не се оствари затоа што Џон Кенеди никогаш не се појави на одморалиштето каде требале да се сретнат“, објаснува Русо.
„Мерлин дознала за акцијата на мафијата ѝ се заканила дека ќе ги открие на медиумите. Роберт Кенеди тогаш го испланира нејзиното убиство“, вели Русо.