Родителите кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца веројатно се пообразовани од своите колеги, изјави во четвртокот Малезискиот министер за здравство.
Според доктор С. Субраманиам, луѓето кои живеат во градовите, и кои се високо образовани, повеќе се свесни за ризикот поврзан со вакцинирањето.
„Министерството откри речиси 1600 деца кои не добиле вакцина минатата година, а таа бројка се зголемува секоја година. Тоа околу што сме загрижени е, тоа што, станува збор за образовани родители кои го знаат ризикот на вакцините“.
„Предизвикот е да ги освестиме нив и понекогаш морате да се расправате за предностите на вакцинацијата на децата. Постојат некои родители кои практицираат хемотерапија и веруваат дека со хомеопатскиот лек може да се заштитат против сите видови на болести“, изјави лекарот на прес-конференција.
Доктор Субраманиам тоа го изјави кога беше запрашан да ги искоментира владините предлози на законот со кој им се овозможува само на вакцинираните деца да посетуваат градинка.
На прашањето постои ли градинка во Малезија која веќе ова го спроведува, докторот изјави дека е не е запознат дека некои градинки, ја спроведуваат ваквата пракса, но ја објасни обврската дека тоа мора да се стори, доколку тоа биде политичка одлука, која го вклучува право на образование и заштита на другите деца.