(Прв дел)
„Глобалното образование“ е развиено во доцните 1970-ти години, а во неговото создавање главна улога играл Роберт Милер, заменик-генерален секретар на Обединетите нации.
Свој придонес имаат и неговите колеги од Соединетите Aмерикански Држави во периодот од 70-тите години до 80-тите години од минатиот век. Тие ја развија програмата „Глобално образование“ со која се осигурува премин во новиот систем на вредности, во чиј центар е толеранцијата. Тоа е пантеистички поглед на светот, и истиот има корени во окултниот свет „New Age“ (Новата ера).
„Новата ера“ е основа на окултизмот, од кој произлегуваат сите други секти кои се активни на Западот и во нашата земја.
Главната цел не е само да се контролира човекот туку и да се контролира наталитетот во некои земји.
Најновата техника е пред сè сексуалното образование. И тоа преку различни модели. Пропагандата оди преку филмовите, преку цртаните филмови, емисиите, телевизиските серии, разните видови шоуа. Тоа е генерално клучната точка.
Можете да забележите дека на телевизија сè повеќе доаѓа до израз примитивната човечка свест во разни култури, особено во поп-култура, која е присутна веќе подолго време. Но, образованието и понатаму ги држи своите канонски правила во земјите чија сфера на интерес е „Новата ера“.
Денеска тежиштето е насочено токму кон оваа сфера на човековиот живот.
Продолжува