Руски шпион сакал да се инфилтрира во судот во Хаг, имал задача да го одбрани Путин во случај да му се суди за воени злочини

Американските власти објавија нови детали за наводен руски шпион кој се обидел да се инфилтрира во Меѓународниот кривичен суд во Хаг, користејќи лажен идентитет десет години.

Во обвинението кое е објавено неодамна, стои името на Сергеј Черкасов (37), за кого американските известувачи веруваат дека е елитен илегален оперативец на руската воена известувачка агенција GRU. Черкасов со години се претставувал како бразилски државјанин Виктор Мулер Фереира.

Вашингтон подигна обвинение против рускиот државјанин кој во моментов се наоѓа во притвор во Бразил, пораид шпионирање за руската воена известувачка служба GRU, пишува „Гардијан“.

Во обвинението исто така е опфатен и сомнежот дека Черкасов е вмешан во кривичнои дела во САД во врска со малверзации со визи и банковни измами. Во обвинението е наведено дека Чаркасов дошол во Бразил во 2010 година, со руски пасош.
Черкасов магистрирал надворешна политика во САД, на Универзитетот Џон Хопкинс и добил старжирање во MKS. Уапсен е откако дошол во Холандија минатиот април, кога го покажал пасошот на кого стоело името на Фереира.
Черкасов, како што пишува во американското обвинение, наводно испраќал информации за надворешната политика на САД до руските известувачки служби во 2021 и 2022 година.

Чаркасов се обидел да се вработи во Меѓународниот кривичен суд во Хаг во 2022 година, но му бил забранет влез во Холандија.

Во време кога шпионот дошол во Холандија, судот почнал да ги истражува воените злосторства во Украина. Ако Чекарсов успеал во намерата, можел да добие пристап до мејлот на судот и можел да копира, менува или уништува документи и докази, пишува „Гардијан“.

Западот стравува дека украинската криза ги охрбрила GRU и другите руски агенции да дејствуваат непромислено во своите шпионски акции.

„Ова ни покажува што прават Русите, дека се обидуваат да добијат нелегален пристап до информации во рамките на ICC. Ова го квалификуваме како закана од високо ниво“, рече Ерик Акербум, генерален директор на холандската разузнавачка агенција.

Холандските известувачи подоцна го објавиле неговото вистинско име и некои детали од неговата приказна, но не го уапсиле, туку го депортирале назад. Минатиот јули е осуден поради обвиненијата за лажно собирање и користење на бразилски документи и е осуден на 15 години затвор.

Неговиот обид за инфилтрација во MKS, добил уште поголемо значење по одлуката на судот од неодамна да подигне обвиненије за воени злостори против рускиот претседател Владимир Путин и негово апсење.

Ако Черкасов успеал да се вработи во судот во Хаг, потенцијално би можел да има пристап до системите на мејловите на судот и до други чувствителни информации.

Уапсен е во април 2022 година во Бразил под обвинение за измама, наводно, поради неговата употреба на лажен идентитет, а во јули истата година е осуден на 15 години затвор за измама.

Бразилските власти ја известија руската влада во притвор во Черкасов, а руските дипломати го потврдија неговиот идентитет. Според американската верзија, во септември 2022 година, бразилските власти потврдија дека Русија поднела документи за испорака на Черкасов, наведувајќи дека тој во својата земја е обвинет за вмешаност во трговија со дрога.

САД соопштија дека тоа барање за испорака на Руската Федерација е засновано на свесно лажни информации. Американската страна оценила дека целта на таквите акции е Черкасов да се врати дома.

Обвинението е на 46 стаани и во него има интересни детали, меѓу кои и наводните пораки на Черкасов за позицијата на Универзитетот Џон Хопкинс.

„Успеавме, не можам да верувам брате. Господи стигнавме до врвот“, стои во пораката.

Кога ја добил американската виза, напишал дека работата е добро извршена, а во обвинението се споменуваат и пораки кои од затворот во Бразил и ги испраќал на својата девојка.

Објавувањето на деталното обвинение е веројатно обид на САД да изврши притисок врз Бразил да не го екстрадира Черкасов во Русија и можеби да го навести американското барање за негова екстрадиција.

Како што е наведено, може има за цел да ја посрамоти GRU, затоа што сугерира дека Черкасов можеби бил идентификуван и следен неколку години пред неговото апсење.

 

Черкасов е еден од бројните осомничени илегалци со сомнителен јужноамерикански идентитет, кој биле уапсени последните месеци. Норвешка го привела Хозе Асис Џамариј, бразилски истражувач, кој неформално работел на Универзитетот во Тромсо. Еден колега за „Гардијан“ рече дека имал смешен акцент.

Минатата недела „Гардијан“ извести за двојка приведена во Словенија за која властите во Љубљана веруваат дека се илегалци кои работат за SVR, руската надворешна известувачка служба. Двајцата се претставени како Аргентинци и зборувале на шпански. Имале и две мали деца.

 

Scroll to Top