Рускиот пејач Дмитриј Свиргунов, познат и како Дима Нова и човекот кој го критикуваше Путин е пронајден мртов. Починал во неделата откако паднал на мраз во река пренесе Newswееk.
Паднал низ мразот додека ја минувал реката Волга во Јарославскиот регион, пишува „Медуза“. Бил во друштво со брат му и уште двајца пријатели.
34 годишниот пејач беше основач на електронската поп група Cream Soda чија песна стана химна за време на антивоените протести во Русија. Во понеделникот од групата на „Инстаграм“ потврди дека Свиргунов починал.
„Синоќа се случи трагедија. Нашиот Дима Нова се движеше покрај Волга во друштво на пријатели и падна низ мразот. Министерството за вонредни состојби сè уште трага по неговиот брат Рома и пријателот Гоша Киселев. Аристарх, нашиот пријател кој исто така падна низ мразот, бил пронајден, но немало спас за него. Веднаш штом имаме информација од Министерството за вонредни состојби ќе ве информираме“, напишаа од групата.
Со песната Aqua Disco тие го критикуваа рускиот претседател за наводната палата вредна 1,3 милијарди долари. Се слушаше на протестите пред и во раните денови на руската воена инвазија на Украина, протести кои брзо станаа познати како Аква Диско забава.
Групата стана икона на антивоеното движење кога рускиот комичар Александар Гудков употреби една од нивните песни за да се потсмева на Путин, кој е обвинет за изградба на раскошна палата во близина на градот Геленџик на јужниот брег на Црното Море во Русија со помош на приходи од корупција.
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, отворен критичар на Путин, објави видео на YouTube во јануари 2021 година во кое тврди дека комплексот содржи замок од 190.500 квадратни метри, кој вклучува театар, кино и казино.
Пријателите на Путин, кои од него добија право да крадат што сакаат во Русија, му беа многу благодарни. филм кој е создаден од неговата Фондација за борба против корупцијата.