Се појави фотографија од времето кога Брижит му била учителка на Макрон

Брижит и Емануел Макрон се пример за хармоничен брак за кој разликата во години не е, ниту некогаш била проблем во врската.

Тие денес се познати како претседател на државата и прва дама, а своевремено биле 40-годишна професорка по француски и латински јазик и 16-годишен ученик, што многумина ги интригира и денес.

Особено кога ќе испливаат некои фотографии од минатото. Во моментов на социјалните мрежи кружи фотографија од Брижит Макрон со нејзиниот поранешен сопруг Андре-Луис Озиер, кој го остави поради Емануел Макрон. Нејзиниот син е три години постар од актуелниот претседател на Франција.

Гласините велат дека Емануел Макрон го привлекол вниманието на својата учителка додека глумел во претстава, а таа му помогнала да го направи тоа. Тоа било во раните деведесетти.

Наводно, Макрон повеќе се дружел со професорите отколку со врсниците и така уште повеќе се зближувал со Брижит. Неговите родители реагирале многу бурно на нивната романса, но двајцата биле упорни во намерата да ја одржат врската и на крајот ја крунисале со брак, кој бил склучен во 2007 година, на истото место каде што се омажила за поранешниот сопруг пред 30 години.

Нивниот брак беше вистинска сензација кога Емануел почна се повеќе да се појавува во јавноста, прво како министер, а потоа и како претседателски кандидат во 2016 година.

Scroll to Top