Шест издавачи ја поседуваат целата литература, 9 компании храната, а 85 поединци половина од светското богатство

Ве уверуваат дека капитализмот е супер, дека демократијата е потребна за да се штити пазарот, за да се засилува конкуренцијата, дека таквиот систем е добар за сите, а  слободната мисла, идеја и разновидност се главното обележје на ова време.

Тоа е брутална лага затоа што капитализмот и демократијата се само други зборови за империјализмот и тоталитаризмот и тоа е повеќе од јасно! Овој систем место да функционира по принципот на сите по малку, тој функционира по принципот на пирамида и само одредени лица доаѓаат до целото богатство и знаење во светот.

Пред неколку години истражувањето на „Оксфам“ покажа дека 10 компании  во своите раце го држат целиот свет! Во извештајот  „Зад брендовите“ организацијата „Оксфам“ му ги претстави на светот десетте највлијателни прехранбени компании кои буквално владеат со вашите чинии.

Тие компании во своите раце ја држат речиси целата храна на овој свет. Тие владеат со основната потреба за опстанок на човештвото, потребата за храна.

Воедно, овие компании вработиле околу третина од светската работна сила, речиси милијарда луѓе, и заработуваат невидена сума пари. Тие 10 компании  одредуваат што ќе се јаде и тое е навистина застрашувачки. Нивните  годишни приходи се  десетици милијарди долари, од нив пет имаат барем по 50 милијарди, а четири минатата година имаа профит поголем од шест милијарди долари.

Друго истражување покажа дека 85 лица се сопственици на богатство кое изнесува колку богатството на половина жители на светот, односно 3,5 милијарди луѓе.

Ова истражување  ја прикажува реалноста во којашто  живееме, иако  многумина не сфаќаат дека една мала група луѓе манипулира со сите нас. Овие луѓе управуваат со целата планета, а најсилно од сѐ е тоа што нивните компании се  во сите структури на општествата.

До едно застрашувачко откритие дојдоа научниците од универзитетот во Монтреал во Канада, кои откриле дека целата научна литература  е објавена во периодот меѓу 1973 година и 2013 година под контрола на само 6 издавачи, односно компании што се занимаваат со издавање научна литература.

Откриле дека сите помали издавачи пропаднале или едноставно се присоединиле кон поголемите. А најважно од сѐ, откриле дека сите 6 компании тесно соработуваат со фармацевтските компании на промоција на вакцините и лековите!

Научниците предупредуваат дека ваквиот монопол над науката е монструозен затоа што во целост ја убива независноста, со што наместо слобода, промовира едноумие и тоталитаристички пристап на науката.

Исто така, предупредува дека овие 6 компании, всушност, со диктирањето на содржината, контролираат, диктираат и ја цензурираат содржината, а што е исклучително опасно за опстанокот на науката, со оглед на тоа што во ваквиот систем и повеќе од можно е да се манипулира со истражувањата.

„Сѐ на сѐ, големите издавачи ги контролираат сите научни работи, како природните и медицинските науки така и општествените и хуманистичките науки“, изјави професорот Винсент Ларивиере, водечки автор на студијата од универзитетот во Монтреал.

Еве кои се шесте компании!

И покрај откритието на овие шокантни податоци, многумина и понатаму не сфаќаат што всушност се случува. Во овој момент се крои светот на едноумието, тоталитаризмот и монструозноста, а сѐ тоа под паролата на демократијата, мирот и љубовта, што е само уште еден доказ дека елитата навистина манипулира со масите и тоа на сите нивоа на нашето постоење!

По сите овие истражувања, докажано е дека луѓето се само робови на системот и ништо повеќе од тоа – канти за ѓубре во кои елитата го трупа своето ѓубре по своја волја создавајќи послушни луѓе и планета по своја волја!

 

 

 

 

Scroll to Top