Шест тајни што се кријат далеку од очите на јавноста

Дури и најглупавата личност знае дека светот е под контрола на одредени поединци. Некои велат дека тоа се најбогатите семејства, а други дека се тоа тајни организации.

Вистината е дека, без оглед на тоа кои се тие луѓе, 99 отсто од населението во целата планета е под контрола на оние 1 отсто.

Но, како и да е, Марфиевиот закон  – сè што може да мине лошо, ќе мине – важи дури и за оние што управуваат.

  1. Оние што ја контролираат околината на Земјата

Веројатно сте слушнале за ХААРП. Тоа е проект финансиран од страна на американската морнарица и американското воено воздухопловство и таа технологија може да ѝ овозможи на американската војска да комуницира со својата флота на големи далечини. Како работи? Постои инструмент за истражување на јоносферата, кој пренесува радиофреквентни големи бранови во ограничено подрачје на јоносферата.

Тој инструмент манипулира со јоносферата на места каде што постојат слободни електрони и има потенцијал да создаде радиобранови кои манипулираат со Земјиното магнетно поле.

Дури и повеќе застрашувачки е фактот што ХААРП има потенцијал да ги контролира и човечките емоции низ бранови на фреквенции преку кои се манипулира со човековите мозоци. Којзнае, можеби се одговорни и за нашите изненадувачки промени на расположението?

  1. Водата од цевките ве прави бесчувствителни

Нема апсолутно никаква потреба за ставање флуор во водата, а за оние што сакаат да го контролираат светот, флуоридот во водата е важен елемент. Зошто?

Флуоридизацијата ја препорача Едвард Бернајс, внукот на Сигмунд Фројд. Флуорот е хемикалија што има влијание на епифизата на нашиот мозок, некои го нарекуваат трето око. Оваа жлезда е одговорна за повеќето наши емоции, како и нашите нивоа на серотоинин и мелатонин.

Флуорот ја оштетува оваа жлезда и поттикнува апатија, депресија и ниски вибрации.

  1. Ни вшприцуваат хемтрејлс со флуорот

Кога ќе погледнете во небото и ќе ги погледнете трагите од авион ќе помислите на хемтрејл. Не грижете се, ќе ве убедуваат тие. Тоа не е ништо, некои детски запрашувачи со алуминиум, арсен, бор и флуор.

  1. ГМО го уништува целото човештво

Генетски модифицираните организми или ГМО-билките или животните создадени со техниките на биотехнологијата стануваат дел од вашите гени. Оваа експериментална технологија, која ги спојува разните ДНК-видови, создава нестабилни генетски комбинации на билки, животни, бактерии и вируси, кои не можат да се појават во природата.

Со други зборови, ГМО е божја коцка во човечките раце. Тоа е најголемиот дебаланс на природата. Вселената има едно правило, а тоа е дека секоја акција има своја спротивна реакција. Ние работиме на дебаланс во природата, но како што знаеме, вселената секогаш ќе најде некој облик на рамнотежа.

  1. Света геометрија и јазикот на вселената и убавината

Што е убавината? Ангелите на „Викторија сикрет“, знаеме, но што всушност е дефиниција на убавината? Комбинација на елементи, како што се обликот, бојата, но и самата величина што му се допаѓа на чувството на вид.

  1. Музиката ве прави конкурентни

Знаете ли дека во 1955 година Меѓународната организација за стандардизација ја одреди 440 Hz како општоприфатено поседување за стандардот за музиката. Повеќе за тоа прочитајте на следниот линк:

 

 

Scroll to Top