Шпански планетолози тврдат дека нашле докази за постоење на мистериозна „Planeta X“

„ДЕВЕТТАТА ПЛАНЕТА“ НА СОНЧЕВИОТ СИТЕМ НАВОДНО Е ОД ЗЕМЈАТА ПОТЕЖОК ЗА ДЕСЕТ ПАТИ.

Палентеолозите од Шпанија открија необични аномалии во движењето на кометата и астероидот од орбитата на Плутон и Нептун, за кои тврдат дека укажуваат на постоење на џиновска „Planetа X“.

Карлос де ла Фуенте Маркос од Мадридскиот Универзитет објасни:

„Ако кометите и астероидите од тој дел на Сончевиот ситем, се однесуваат на ист начин како и кометите околу Јупитер, тогаш навистина откривме докази за нивната активна интеракција со големите планети, кои од Сонцето се оддалечени 300-400 астрономски единици. Уверен сум дека се што регистриравме досега, не може да биде сведено на грешки во набљудувањето на тој дел од вселената“.

На почетокот на јануари 2017 година, двајца познати планетолози – Мајк Браун и неговиот колега од Калифорнискиот технолошки институт, Константин Батигин – објавија дека успеале да утврдат каде се наоѓа „Planeta X“ – деветата мистериозна планета од Сончевиот систем. Прецизираа дека од Сонцето е оддалечена 41 милијарди километри и дека е 10 пати потешка од Земјата.

Според нивните пресметки „Planeta X“ еден круг околу Сонцето го прави за 15.000 години.

Браун и Батигин признаа дека не знаат каде таа планета точно се наоѓа, но и дека не постојат никакви изводни докази за нејзиното постоење.

И двајцата укажуваа на она што Маркос и неговите коелги го нарекуваат „аномалија“.

За мистериозната „деветта планета“, во моментов трагаат десетина групи на астрономи.

Една од нив е „шпанска“ на чело со Марко.

Тој и неговите соработници направија „суперпрецизен модел на перферијата на Сончевиот систем“, и посебно внимание посветија на Куиперовиот појас. И дојдоа до заклучок дека „Planeta X“ постои.

Претходно грижливо ги проанализирале движењата на 28-те планети, по што 24 астероиди утврдија дека нивните орбити се пресекуваат на рамнината на Сончевиот систем во две точки, кои од нашата ѕвезда се оддалечени 300 – 400 пати повеќе отколку Земјата. И, уверени се во тоа дека „пресекувањето во двете точки“ не е само случајно, туку и дека е и доказ за постоењето на „деветата планета“.

Маркос нагласува: дека „Planeta X“, нама точки на пресекување на „рамнината“, туку дека таа била „расфрлана“ во сосема поинаков распоред.

 

Scroll to Top