За само една недела во Лондон се случиле два инцидента во кои учествувале луѓе што на рускиот претседател Владимир Путин му го свртеле грбот. Поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка се борат за живот по труењето, а рускиот бизнисмен Николај Глушков е пронајден мртов во својот дом. И додека Велика Британија води истрага и го обвинува Кремљ за вмешаност во злосторството, Русија континуирано ја негира својата вмешаност во овој настан.
Една од причините зошто ја обвинува Русија, а најмногу нејзиниот лидер Владимир Путин, е неговата изјава од 2010 година. Уште тогаш Путин ги предупредил сите луѓе што ѝ го свртеле грбот на својата земја дека ќе се соочат со последиците.
„Предавниците ќе платат, верувајте ми. Тие ги издадоа своите пријатели, своите браќа. Што и да добиле во замена за тие 30 сребреници, тие од нив ќе се задушат“, изјави во таа пригода Путин.
Одделни Руси што си заминале од земјата поради конфликтот со Путин ја платиле цената со своите животи поради бунтот, кој го кренаа против нивниот претседател. Ништо подобро не поминале ниту оние што останале во земјата, а меѓу нив има и новинари, бизнисмени, како и борци за човековите права. Тие посреќните минаа само со затворска казна и одземање на имотот. Ова се само некои од нив.
ТРУЕЊЕТО НА СЕРГАЈ СКРИПАЛ
Сергеј Скрипал, поранешен полковник, бил во руската воена известувачка служба ГРУ до 1999 година по што работел во Министерството за надворешни работи до 2003 година.
Една година подоцна е уапсен во Москва по признанието дека бил двоен агент и дека од 1995 година издавал информации од државен интерес на британската известувачка служба МИ6. Тогаш бил осуден на 13 години затвор, но во 2010 година бил ослободен во рамките на размена на шпиони со САД.
Истата година Владимир Путин изјавил дека двојниот агент ќе се соочи со одмазда. Потоа Сергеј добил засолниште во Британија.
Сергеј (66) и неговата ќерка Јулија Скрипал (33) на 6 март 2018 година се пронајдени во несвесна состојба на клупата во трговскиот центар во градот Салсибери, 145 километри западно од Лондон. И двајцата се на лекување на одделението за интензивна нега и нивната состојба е критична.
Нервниот агенс со кој биле отруени го донела ќерка му од Русија како подарок од пријател. Пет труења биле забележани тогаш за време на ручек во ресторан.
Овој инцидент многумина ги потсети на случајот со труењето на поранешниот руски агент Александар Литвиненко, кој починал кога испил радиоактивен чај во лондонски хотел во 2006 година.
Руската амбасада во Британија планира да побара конзуларан пристап за Јулија Скрипал, која е отруена заедно со татко ѝ, поранешниот шпион Сергеј Скрипал, пренесе „Ројтерс“ повикувајќи се на неименуван извор.
Портпаролот на Кремљ изјавил дека Москва нема никаква врска со труењето на Скрипал со нервен гас во Британија и порача дека Русија не го прифаќа јазикот на ултиматум.
„Ставот на Москва е добро познат, Лондон за тоа е известен преку дипломатски канали, Москва нема никаква врска со случувањата во Велика Британија“, им изјавил Песков на новинарите.
Тој истакнал дека Москва не ги прифаќа апсолутно неоснованите обвинувања против Русија, кои не се поткрепени со докази, како и дека не го прифаќа јазикот на ултиматум.
ГЕОРГИЈ ИГОР ШУП
Една недела пред да биде отруен поранешниот шпион Сергеј Сркипал во Салсибери, британската полиција го истражувала случајот со можното труење на рускиот бизнисмен Георги Игор Шуп.
Шуп (46) паднал во својот дом во Окшот во Сарија, вреден пет милиони фунти, и бил во критична состојба.
Форензичките тимови една недела го пребарувале неговиот имот и десетина полицајци работеле на случајот. Една од теоријата што ја имале детективите е дека Шуп бил цел на платен убиец, кој со автомобил дошол до вилата на Шуп.
Но, истрагата набргу била завршена и полицијата заклучила дека Шуп доживеал колапс поради здравствени проблеми. Пуштен е од болница по десет дена и деталите од истрагата никогаш не биле објавени. Но, неговите соседи тврдат дека властите целиот случај го забошотиле.
Шуп бил зет и деловен партнер на Борис Березовски, руски олигарх во егзил и познат критичар на рускиот претседател Владимир Путин.
Три месеци пред да се случи инцидентот во неговиот дом, судијата го одбил барањето за неговото испорачување по обвинувањето за убиство. Имено, руските власти го обвиниле дека го нарачал убиството на бизнисменот Александар Минев.
Но, британскиот суд изјавил дека обвинувањето е неоправдано. Самиот Шуп тврди дека е невин и дека му било подметнато, а неговите адвокати му рекле дека се работи за политички мотивиран потег од Кремљ од страна на режимот на Путин.
Во неделата еден од телохранителите на Шуп на некој начин ги потврди сомнежите дека се работи за труење. Шуп се преселил во Оксшот минатата година од Челси поради безбедносни причини. На неговиот имот се наоѓаат многу електрични капии и безбедносни камери. Многу негови соседи веруваат дека некој се обидел да го убие.
НИКОЛАЈ ГЛУШКОВ 2018 ГОДИНА
Николај е пронајден мртов само недела дена откако Скрипал бил отруен. Бил руски бизнисмен кој работел како заменик на директорот Аерофлот и како менаџер за финансии на „АvtoVaz“. Тој дипломирал физика во 1972 година. Во 1981 година завршил Академија за надворешна трговиај и стекнал диплома за економија.
Според зборовите на Александар Голдфарб, човекот кој работел за тајкунот Борис Березовски, Николај открил дека авио компанијата служела за финансирање на шпиунски операции.
Сите приходи од продажбата на картите се распоредени на 352 сметки на странски банки, кои администрацијата на Аерофлот не можела да ги контролира.
Според тврдењата на Голдфарб, Глушков ги затворил сите сметки и парите ги насочил во сметководствениот центар Андава во Швајцарија.
Глушков и Березовски во тоа време биле акционери на швајцарската компанија на Адав и двајата биле обвинети за кражба на парите на Аерофлот.
Глушков во декември 2000 година, е уапсен од страна на руските служби и е обвинет за измама. Бил партнер и близок пријател на покојниот Борис Березовски, кој исто така од 2000 година престојува во Велика Британија.
Во април 2001 година, Андреј Луговој бил уапсен и обвинет за организирање на бегството на Глушков од болница. За време на судењето Глушков бил во затвор во Лефортов. Ослободен е од првичното обвинение за измама и перење на пари во март 2004 година, но е прогласен за виновен за обид за бегство и злоупотреба на власта.
По 2006 година, бега во Велика Британија и бара политички азил. Велика Бритнаија одбила да го испорача во Русија во 2016 година.
Русите му суделе во отсуство во 2017 година, кога бил осуден на осум години затвор поради кражба на 123 милиони долари.
Пронајден е мртов на 13 март 2018 година, во својот дом во Лондон. Неговата смрт, полицијата ја третира како необјаснива.
Малку се знае за Наталија Глушков. Се верува дека во доцните триесети години, дипломирала на Универзитетот во Москва на одделението за социологија.
Запишала мастер студии на Универзитетот во Весминстер. Таа е една од сопствениците на луксузниот бутик за мажи во Бак.
Има брат Дмитри кој има околу 40 години. Семеен пријател изјавил дека сопругата и син му живеат во Москва, додека ќерка му живее во Лондон.
Навел дека Николај бил болен, имал болест во крвта и дека дијагнозата му е поставена уште во Москва. Истакнува дека се неточни тврдењата дека бил хомосексуалец и дека имал сида.
„Бил добар и семеен човек, кој ги сакал своите деца. Роднините не веруваат дека неговата смрт била насилна. Неговата ќерка често на мајка и преку телефон и говорела дека бил многу болен“, вели тој.
Продолжува