Скрипаљ и неговата ќерка се криеле пред својата смрт

Поранешниот двоен агент Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија на четири часа исклучиле ГПС-следење на своите телефони на денот кога се отруени.

Многумина сметаат дека тој потег го направиле за да го одржат тајниот состанок.

Според откриените податоци, на 4 март во 9:15 часот по локално време тие ги посетиле гробиштата каде што се погребани жената и синот на поранешниот руски известувач.

По тоа, во 13:30 се паркирале во Солсбер, влегле во пивницата, а по тоа и во ресторанот.

Податоците за движењето на поранешниот шпион, како и исклучувањето на ГПС-следење го соопштиле британските провајдери.

 

 

Scroll to Top