Смртта на холистичките доктори не била поврзана како што тврдат порталите на лажни вести

Непознат автор преку лажна вест што ја објавил на социјалните мрежи се обидел да ја поврзе смртта на неколку доктори со теории на заговори за вакцинацијата пренесува politifact.com.

Neonnettle.com ставил текст со наслов Doctors who doscovered cancer enzymes in vaccines found murdered на 2 март 2017 година. Фејсбук-корисниците ја обележале ваквата приказна како потенцијално фабрикувана и покрај напорите на социјалните медиуми да го исчистат neews feeds од лажни вести.

Во приказната се тврди дека докторите откриле ензимски протеин нагалаза во вакцините, кој го поврзале со заболувањето на човекот од рак, аутизам и дијабетес. Во приказната се шпекулира дека докторите биле убивани по ред со цел да се спречи нивното откритие да излезат во јавност.

Кога се направило обид да се контактира со веб-порталот, не се добил никаков одговор.

Нивниот аргумент е дека ензимот го ослабува и целосно го онеспособува имунолошкиот систем и поради тоа би било лошо доколку тој би бил откриен во вакцините. Постојат контроверзни студии кои тврдат дека GcMAF-протеинот би можел да претставува третман кај заболените од рак, аутизам или, пак, ХИВ.

На ваквата теорија ѝ недостигаат научни докази. Британската влада предупредила за протеинот поради неговата нелиценцираност и производството во нестандардизирани услови. Научни списанија во кои биле објавени ваквите трудови набргу потоа биле повлечени поради тоа што не биле поткрепени со докази.

Healthutnews.com идентификувал петмина доктори што рекле дека биле поврзани со откритието на нагалаза. Но, биле откриени мал број докази што ја поврзувале смртта на докторите со контроверзиите за вакцината.

Доктор Брус Хедандал, 67-годишнен доктор од Флорида, бил пронајден мртов во својот автомобил во јуни 2015 година. Вистинската причина за неговата смрт засега не е разјаснета и покрај тоа што некои телевизиски станици на Флорида објавиле за неговата смрт. Хедендал бил киропрактичар и немало докази за неговата вмешаност со фармацевтската индустрија во ниту еден случај.

Уште еден доктор од Флорида, доктор Тереза Ен Сиверс (46), била пронајдена мртва во својот стан на Флорида во 2015 година. Истрагата открила дека нејзиниот сопруг Марк ангажирал двајца луѓе, Кертис Вејн Јуниор и Џими Роџерс, да ја убијат со цел тој да ги земе парите од осигурувањето.

Повторно, како и во првиот случај со доктор Брус, нејзината смрт немала никаква поврзано со фармацевтската индустрија.

Во текстот на healthnutnews.com е проширена теоријата во која се вклучени дополнителни доктори. Еден од нив е 63-годишниот Џефри Вајтсајд, кој исчезнал по тепачката со својата жена. Подоцна бил откриен мртов. Неговата смрт била прогласена за самоубиство.

Доктор Патрик Фицпатрик, 74-годишен пензиониран очен доктор, исчезнал додека пешачел во Монтана. Полицијата го пребарала регионот, но никогаш не го пронашла. Службите изјавиле дека не постојат сомневања за да веруваат дека постоела криминална активност во неговиот случај. Верувале дека веројатно доживеал повремена конфузија.

Единствениот што бил инволвиран во дебатата со вакцините бил доктор Џеф Бредстрит (61). Тој станал контроверзна личност по неговите тврдења дека вакцините можеле да предизвикаат аутизам. Теорија што била откриена од неколку студии. Џеф им се заканувал на своите пациенти со аутизам што го имаат GcMAF, протеин што од Светската здравствена организација не го препознаваат како закана за аутизмот.

Според полициските служби, извештајот покажал дека раните си ги нанел самиот Џеф. Бредстрит не бил убиен, но неговата смрт во 2015 година придонела да се појават нови теории на заговор.

Додека во текстот се наведува дека смртта на лекарите има поврзаност со теориите за вакцините, само во случајот со Бредстрит се покажале најголемите сомнежи.

 

 

Scroll to Top