Со исчезнувањето на пчелите се загрозува глобалната безбедност на храната

На 20 мај, на Светскиот ден на пчелата, се отвори дебата за разорните последици од падот на бројноста на пчелите во светот.

Околу 80% од посевите во светот се опрашувани од инсекти. На дебатата се поставило прашањето дали постои алтернатива за осигурување на иднината на храната на човештвото.

Според Greenpeaceu околу 40% од комерцијалните пчели за одгледување исчезнале во САД, а од 2006 година експертите сметаат дека падот настанал поради нарушениот колапс на колониите (CCD), феномен што се појавува кога повеќето колонии пчели работнички изненадувачки исчезнуваат.

Причината е непозната, иако некои експерти нудат разни објаснувања за растот на инфекции, зголемената урбанизација, губитокот на живеалишта и распространетоста на користењето на пестицидите.

Без оглед на причината, опрашувањето на инсектите придонесува за производство на огромен дел од храната, па драматичниот пад на популацијата на пчелите треба да биде предупредување за сите нас. Или ќе дојдеме до коренот на проблемот, или ќе развиеме технолошка алтернатива за способност за извршување на истата функција.

Но, многумина од експертите на дебатата се прашуваат дали технолошкото решение е одржливо?

Истражувањето на роботската замена за пчелите ја предвидел Иџиро Мијако од јапонскиот Национален институт за напредна индустриска наука и технологија. Станува збор за рачно управуван дрон, уред кој е широк околу четири сантиметри и е прекриен со коњска коса. Дизајниран е за расејување полен.

Мијако се надева дека еден ден ќе се развијат дронови кои ќе имаат вештачка интелигенција за  самостојно да ги идентификуваат цвеќињата и да го насочуваат нивниот лет меѓу нив. Дроновите веќе покажале способност вкрстувачки да ги опрашуваат јапонските лилјани без оштетување на нивните кревки ливчиња или стебла.

„Се надеваме дека тоа ќе помогне во борбата против проблемот со падот на популацијата на пчелите“, изјавил Мијако за списанието New Scientist.

„Важно е и пчелите и дроновите да се користат заедно“.

Во март американската малопродажна компанија „Валмарт“ создала патент за роботски пчели, со кој се надева дека ќе може да ги оплоди насадите, исто како и нивните природни колеги. Иако плановите на компанијата за патентот на роботски рој пчели се нејасни, некои експерти веруваат дека малопродажниот гигант ќе се прошири на земјоделскиот пазар.

А ако робот-пчелите не успеат?

Втората можност за ублажување на заканата за исчезнување на пчелите е методата позната како поленски прав во која поленот се распрашува низ полињата од воздух. Според студијата на МИТ, правот со полен може да дејствува на некои полиња, но донесува понизок процент на раст на плодовите, за разлика од природното опрашување.

Постои исто така можност и за рачно опрашување од билка до билка, со четка натопена со полен. Во еден планински град, во дел од кинеската југозападна покраина Сечуан, крушите се одгледувале со примена на техника со рачно опрашување уште од раните осумдесетти години. Традицијата почнала откако локалните пчелари одбивале да ги најмуваат нивните пчели за природно опрашување, откако дознале дека инсектицидите се користат за убивање на грините на стеблата.

Па што да правиме, прашуваат експертите, дали да умреме од глад?

Дури и изумителите на роботските пчели се скептични околу тоа дали роботите можат навистина да дејствуваат како вистинските пчели.

Најлесно е да се спасат пчелите. Според организацијата New York Bee Sanctuary, најдобриот начин да се направи тоа е да се исфрлат пестицидите, фунгицидите и хербицидите од вашата градина.

 

 

 

Scroll to Top