Сценаристот Акива Голдсман, човекот човекот што го напиша филмот „Јас сум легенда“ со актерот Вил Смит, деновиве мораше јавно да објасни дека филмот е фантастика а не документарец за луѓе кои по вакцинирање се претвориле во зомбија.
„Боже мој. Станува збор за филм, кој јас го измислив. Не е реален“, вели Голдсман.
Во филмот се зборува за неуспешен обид за генетски ре-инженеринг на сипаници со цел да се излечи ракот. Ова убива 99% од популацијата на светот, а тие што ќе ја преживеат болеста мутираат во зомбија.