Целиот кислород на Земјата веројатно ќе исчезне во наредните милијарда години, што според претпоставките на научниците значи смрт речиси за повеќето живи суштества на планетата, е наведено во студијата oбјавена во списанието Nature Geoscience.
Но, и покрај налозите кои наговестуваат колку кислород ќе има во нашата атмосфера, и понатаму не е сигурно кога точно ќе го снема.
„Со години веќе се дискутира за животниот век на Земјината биосфера на основа на научното сознание кое го имаме од силината на светлината на Сонцето и јаглед-силиконскиот геохемиски циклус“, изјавил истражувачот Казуми Озаки, професор асистент на Универзитетот Тохо, пренесува „Спутник“.
Научниците кои беа вклучени во изработка на оваа студија сметаат дека исчезнувањето на кислородот е неизбежна последица на засилените соларни флуксови, со оглед дека Сонцето старее и емитува поголема топлина.
„По исчезнувањето на кислородот, во атмосферата ќе се зголеми нивото на метан, ќе има ниско ниво на јаглерод диоксид и нема да има озонска обвивка. Земјата веројатно ќе биде свет на анаеробичен облик на живот“, изјавил Озаки, објаснувајќи дека на суштествата на кои им е потребен кислород, нема да можат да опстанат на планетата.
Резултатите од истражувањето се базираат на моделот на еволуција на Земјината атмосфера. Моделот е покренат повеќе од 400.000 пати со различни параметри, со што се дошло до претпоставка дека кислородот ќе постои на Земјата уште милијарда години, по што ќе биде уништен од соларната радијација.