Огромна црна дупка се движи кон Земјата

Огромна црна дупка со милиони пати поголема маса од нашето Сонце се движи кон Земјата, предупредуваат експертите. Како што пренесува umangakhabar, таа се движи со 110 километри на час и еден ден може да го уништи животот на Земјата каков што го знаеме.

Оваа црна дупка се наоѓа во центарот на големата галаксија Андромеда, која е најблизок сосед на Млечниот Пат. Експертите велат дека гравитациските сили на Млечниот Пат и Андромеда се привлекуваат и дека еден ден ќе се судрат.

„Ова не е каква било црна дупка, туку е 4,1 милион пати поголема од масата од Сонцето. Таа доаѓа од правецот на соѕвездието Стрелец, кое е на само 26.000 светлосни години од нас. Додека зборуваме оваа масовна црна дупка ги уништува другите ѕвезди и ѕвездени системи. Поради големината ќе има само еден победник ако еден ден се судри со Млечниот Пат. Но, бидејќи е оддалечена 2,5 милиони светлосни години од нас, ќе ѝ бидат потребни повеќе од четири милијарди години додека стигне до нас. Засега сме безбедни“, велат експертите.

 

 

Scroll to Top