По појавата на две одвоени епидемии, компанијата „Мекдоналд“ била принудена да прекине со продажбата на салати во 3.000 ресторани во 14 држави во САД, наведуваат официјалните лица од сојузните здравствени служби.
Бројката на заболени изнесува 163 лица во 10 држави. Тие заболеле од салатата од „Мекдоналд“. Оваа компанија е водечки светски дистрибутер на ГМО-храна. Агенцијата за храна и лекови (ФДА) во моментот работи со „Мекдоналд“ за да ги открие состојките со кои се прави салатата од која луѓето се разболуваат.
Како мерка за претпазливост „Мекдоналд“ престана да продава салата во обид да се намали понатамошното ширење на епидемијата, велат од ФДА. Илиноис, Ајова, Индијана, Висконсин, Мичиген, Охајо, Минесота, Небраска, Јужна Дакота, Монтана, Северна Дакота, Кентаки, Западна Вирџинија и Мисури, се земјите погодени од епидемијата, пишува Си-ен-ен.
Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) забележал 237 случаи на цикоспоријаза кај луѓе што наводно јаделе свеж зеленчук од „Мекдоналд“. Извештаите пристигнувале од четири држави – Минесота, Висконсин, Мичиген и Ајова. Седум лица биле хоспитализирани. Немало пријавени смртни случаи.
Според ЦДЦ, паразит во зеленчукот бил причина за појавата на цревната болест кај заболените.
Симптомите може да се забележат по една или повеќе недели. Тие вклучуваат чести проливи, а понекогаш и експлозивни движења на цревата.
Заразените лица може да доживеат губење на апетитот и на тежината, грчеви или болки во стомакот, мачнина, гасови и замор, како и повраќање, главоболка, зголемена телесна температура, болки во телото и симптоми слични на грип.
Болеста може да трае и до неколку дена.
Од „Мекдоналд“ негираат дека користеле сомнителни состојки. Сепак, многумина се сомневаат во ваквите тврдења и сметаат дека некои сомнителни состојки ги има во зеленчукот и дека тие може да се откријат само во научните експерименти под микроскоп, но не и во чиниите на децата.
Во текот на кампањата „Наша храна, ваши прашања“, „Мекдоналд“ признал дека во своите хамбургери го употребува адитивот азодикарбонамид. Тој е пронајден и во подлогите за јога.