Трамп добил писмо од Путин, а по пет години содржината уште е мистерија

Доналд Трамп и Владимир Путин можеби не се сретнале на изборот за Мис на универзумот во 2013 година, настан кој се одржувал во Москва, но Трамп добил запечатено писмо од рускиот претседател кога стигнал во Њујорк.

Трамп изразил желба да се запознае со првиот човек на Русија, надевајќи се дека Путин ќе дојде на натпреварувањето.

Путин не се појавил, но го испратил својот прв заменик, а според деталите од книгата „Руски рулет“, по завршувањето на церемонијата на натпреварот, ќерката на олигарсот Арас Агаларова, му предала на Трамп запечатено писмо, поточно, му го оставила во управната зграда на Мис Универзум во Њујорк.

Според оваа книга, писмото било запечатено и сместено во црна лакирана кутија, а неговата содржина до ден денешен не е позната.

Во книгата стои дека, првичната идејата била Трамп да научи неколку реченици на руски и да го поздрави рускиот претседател. Но, тогаш Путин го испратил својот претстаник Владимир Козин, поради, како што е речено, сообраќајните проблеми од причина што низ градот, во тој период минувал и Холандската кралска двојка.

Според книгата, овој настан прилично го разочарал актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

 

 

Scroll to Top