Tрамп го запушил тоалетот во Белата куќа сакајќи да сокрие и уништи официјални документи

Доналд Трамп додека беше претседател на САД, го запушил тоалетот во Белата куќа сакајќи да сокрие и уништи официјални документи. Ова во својата нова книга го пишува новинарката на „Њујорк Тајмс“, Меги Хаберман, која работи како дописничка од Белата куќа.

Таа тврди дека еден од тоалетите во купатилото во Белата куќа бил запушен од купчиња хартии поради, а персоналот потоа се сомневал дека Трамп ги кинел документите и ги фрлал во водата. Деталите од нејзината книга ги објави порталот Axios.

Трамп се огласи преку соопштение и ги негираше сите обвинениа на негова сметка, велејќи дека станува збор за измислени приказни на новинарка гладна за публицитет.

„Категорички неточни и измислени приказни на новинарката која сака да привлече поголем публицитет за да ја продаде книгата чија содржина воглавно е измилена“, рече Трамп.

Порталот „Политика“, потсети дека Трамп и претходно покажувал непочитување кон чувањето на службените документи. Така во 2018 година, овој портал извести за неговата навика на кинење и фрлање на службени белешки и документи кои повеќе не му биле потребни.

Порталот пренесе дека откако ќе ги скинел, барал од својот персонал истите да ги залепи со салотејп. Неговите постапки со службените документи се најдоа во интерес на службите од Националните архиви во САД.

Трамп неодамна морал да врати 15 кутии службени документи, кои според законот и припаѓаат на Националната архива. За потсетување, откако тој ја напушти Белата куќа ги земал со себе истите и ги однел на својот имот во Флорида, каде живее денес.

Во средата „Вашингтон пост“ пренесе дека Националниот архив побарал од Министерството за правосудство да ги испита неговите постапки кон претседателските документи и изрази сомнеж дека можеби тој прекршил некои закони кои се однесуваат на постапување кон службени документи.

Во соопштението Трамп го демантираше извештајот за запленетите документи, наведувајќи дека сојузната агенција отворено и доброволно договорила превоз на кутиите кои содржеле писма, записи, весници, списанија и разни текстови.

„Документите се предадени на пријателска основа, без никакви проблеми. Тоа е спротивно на измислиците кои се објавија во лажни медиуми. Сè беше рутински изведено“, рече Трамп и додаде дека и тој има право на тие документи.

„Всушност јас не бев обврзан да го предадам овој материјал на основа на повеќе пресуди донесени во изминатите години“, рече тој.

 

Scroll to Top