Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да е вмешан во убиството на саудискиот новинар Кашоги, пренесуваат светските медиуми. Инволвираноста би можела да биде докажана преку телефонските разговори кои Белаата куќа ги чува во тајност.
Службите воведоа сериозни рестрикции во дистрибуцијата на транскриптите меѓу разговорите на претседателот Доналд Трамп со странските лидери, меѓу кои се и саудискиот принц Мохамед бин Салман, како и рускиот претседател Владимир Путин, вели неименуван официјален претставник од Белата куќа.
Содржината на разговорите со Кашотги и Путин засега не се познати, но познати се врските на Трамп со двајцата лидери. Многу е веројатно дека Трамп со Саламан разговарал за убиството на Кашоги, додека со Путин се зборувало за вмешаноста на Русија во американските избори во 2016 година, вели изворот.
Поранешниот претставник во Белата куќа тврди дека е сокриен и транскрпит од разговорите направени меѓу Трамп со сојузниците. Од Белата куќа засега не ги потврдиле ваквите наводи.
Анонимен свиркач во својата пријава која се однесува на разговорот на Доналд Трамп со претседателот на Украина Володимир Зеленски, навел дека Белата куќа се обидела да го сокрие овој транскрипт меѓу двајцата претседатели. Истиот е чуван на сервер наменет за чување на доверливи информации.
Поради овој разговор, демократите во Конгресот покренаа процедура на импичмент. Неидентификуваниот извор од Белата куќа, тврди дека се сокриени и други повици за да се намали шансата истите да излезат во јавноста, но објаснил дека тоа не е направено поради непримерните содржини во разговорот, пренесува „Асошијетед прес“.
Транскрптите од разговорот на Трамп со странските лидери и претходно излегувале од Белата куќа, а особено биле скандалозни разговорите со претседателот на Мексико за ѕидот и австралискиот лидер за политиката на азил, на администрацијата на Обама.
Во претходните администрации, транскрипти од телефонски разговори не се објавени, но се чуваат во посебни компјутерски системи. Дел од нив се проследени на надлежните во Белата куќа, Стејт департментот и други агенции.