Три огромни масонски ложи го контролираат британскиот парламент

Британски новинар разоткрил дека три масонски ложи дејствуваат внатре во британскиот парламент овозможувајќи демократското неизбрано тајно друштво да ја диктира политиката против владата.

Тие кои живеат во Велика Британија денес знаат дека тоа не е среќна земја. Прашањето за брегзит сè уште не е решено и Британците знаат дека британската држава, политичарите, банкарите и шефовите прават сè за да се продолжи по истиот терк, пишува „Гардијан“.

Но, понекогаш медиумите знаат да навлезат длабоко во своите истражувања. „Гардијан“ објавил текст во кој открива голема тајна. Во текстот се опишуваат трите ложи што се инфицирале во срцето на британската демократија.

Ложата на Новите добродојденици (New Welcome Lodge) регрутира парламентарци и персонал на парламентот, додека членовите на ложата Галерија (Gallery Lodge) се припадници на политички медиуми, кои ја следат работата на парламентот.

Третата ложа, наречена ложа Афред Робинс, исто така ги покрива новинарите сместени во Лондон.

Идентитетот на членовите на овие три ложи и понатаму е таен, а членовите се толку дискретни што мал број  новинари кои ја следат работата на парламентот, а кои не се членови на ложата Галерија, воопшто не се свесни за нејзиното постоење.

„Членовите на ложата Новите добредојденици не се дружат со своите колеги од ложата Галерија. Иако сите масони и членови се од истото братство, сепак тие не сакаат новинарите да ги слушаат нивните разговори“, вели еден од членовите на ложата Новите добредојденици.

Дејвид Стаплес, врховниот извршен директор на Обединетата голема ложа на Англија (United Grand Lodge of England – UGLE), изјавил дека не постои контрадикција меѓу објавените новинарски трудови и членството во масоните.

„Наспроти популистичката перцепција, масонското членство им помага на членовите да служат во друштвото во поширока смисла, додека ги одигруваат своите улоги. Тука се вклучени и новинари, политичари, полицајци и адвокати со цел  да подобро да ја извршат својата рабта, така што и самите ќе бидат поттикнати да бидат подобри личности“, вели Стаплес.

„Нивното членство е позитивно и за нив самите, како и за општеството во целина“, тврди Стаплес, кој додал дека повеќе масони јавно би го објавиле своето членство кога не би се плашеле од предрасудите и дискриминацијата.

Објавата за политички новинари и самите политичари членови на масонската ложа ја видела светлината на денот откако претседателот на Полициската федерација изјавил дека токму масоните ги блокираат реформите во полицијата и го отежнуваат напредувањето на жените и полицајците од црнечките и малцинските етнички заедници.

По три години кои ги минал како претседател на Полициската федерација, Стив Вајт изјавил дека сфатил како луѓето кои тврдоглаво се спротивставуваат на каква било промена и на каков било напредок секогаш на крајот се покажуваат како масони.

Од UGLE гневно ги негирале ваквите обвинувања, и навеле дека тивко се горди што во своите редови примаат дискриминирани и прогонети.

 

 

 

 

Scroll to Top