Малезискиот дипломат кој го истражуваше мистериозното исчезнување на малезискиот авион „Malezija Airlines Flight MH370“ е убиен во четвртоко, откако бил застрелан во главниот град на Мадагаскар, Антананариво.
Захид Раза, почесниот конзул на Малезија, ги предупредил пријателите и семејството дека почнал да прима смртни закани и предупредувања за да престане со својата истрага за исчезнатиот МH370.
Господин Раза бил на половина пат, неуморно превземајќи ги парчињата остатоци кои дошле од исчезнатиот авион во Куала Лумпау, кога бил убиен.
Блаин Гибсон, американски детектив кој самостојно ја финансирал својата истрага за исчезнатиот авион, ја нарече смртта на Раза „атентат“.
Гибсон тврди дека и тој самиот примал смртни закани и предупредувања да прекине со истрагата.
Гибсон изјави дека не сакал да направи јавна објава додека новите остатоци од авионот не стигнат во Малезија, и тоа била неговата одлука, со оглед на смртта на господин Раза, извести „Metro.co.uk“.
Доктор Виктор Ианело, бил дел од тимот кој водел изворна австралиска истрага на местото на исчезнување.
Тој изјавил дека: „Која е врската меѓу малезискиот авион МH370 и околностите кои кружат околу неговата смрт?
Раза требал да го посети Министерството за сообраќај на Мадагаскар, за да ги превземе дополнителните парчиња од исчезнатиот авион, и да ги достави деловите во Малезија“.
Авионот исчезна на 8 август 2014 година, а покрај масовните напори да се пронајде неговата локација, авионот никогаш не бил пронајден, а само неколку парчиња остатоци се појавиле.