Глумецот Алек Болдвин бил наместен на сетот на снимањето на филмот „’Рѓа“ во Ново Мексико кога ја уби снимателката Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза. Ова го изјави неговиот брат Данил Болдвин кога гостуваше во емисијата The Domenick Nati Show.
Даниел ја изнел својата теорија и рече дека брат му бил жртвено јагне и дека големите ѕвезди со политички ставови биле лесна цел на непријателите.
„Алек е жртвено јагне. Големите ѕвезди со изразени политички ставови се лесна цел. Ова не е ништо друго, туку последица на неговата доследност и цврсти ставови за одредени работи. Луѓето што не го сакаат ќе го искористат и ќе ја прогонуваат неговата сопруга. Тој сега е цел“, рече Даниел.
Даниел не потенцира за какви политички ставови се работи, но не е тајна дека Алек Болдвин го исмеваше поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, и често го имитираше во шоу-програмата „Сабота вечер во живо“. Тој претходно отворено го поддржуваше Барак Обама.
За потсетување, еден од првите што јавно го посочи прстот во Алек Болдвин беше Доналд Трамп Помладиот, кој по несреќата во Ново Мексико, почна и да продава маици со натписот „Пиштолите не убиваат луѓе, Алек Болдвин ги убива“.
Иако се чини дека постапките на синот на Трамп одат во прилог на теоријата на Даниел за жртвено јагне, сепак обвинителката што го истражува инцидентот во Ново Мексико, Мери Карман Алтвајас, е демократка, пишуваат американските медиуми.
Покрај Даниел, Алек Болдвин има уште двајца браќа, исто така глумци – Вилијам и Стивен.