НАСА уште еднаш беше обвинета за затскривање на постоечки вонземјански живот, откако еден астронаут успеал да направи фотографија од УФО.
Мистериозниот објект бил забележан како влегува во атмосферата на Земјата, од страна на снимката направена со камерата на еден од членовите на екипажот на Меѓународната Вселенска Станица.
И покрај уверувањата од вселенската агенција дека станува збор само за метеор, теоретичарите на заговор се убедени дека ова е доказ дека станува збор за вонземјани.
Италијанскиот астронаут Паоло Несполи го направил клипот, кој покажува огнена топка, која е насочена кон Земјената атмосфера.
Екипажот на Меѓународната вселенска станица ISS верува дека тоа веројатно е дел од остатоците од вселенските објекти што лебдат околу орбитата на планетата, но и вселенската агенција и ентузијастите кои едноставно се забегани во потрага по вонземјаните го одбија ваквото објаснување.
Тајлер Глокнер, кој е во потрага и лови вонземјани, преку каналот на „Јутјуб“, SecureTeam10, укажува на тоа дека ова претставува доказ за тоа дека владата прави заговор со цел да го затскрие постоењето на вонземјаните.
НАСА претходно беше обвинета за затскривање на постоењето вонземјани кога претходно беше забележано на видеото на кое се гледаат уште нови шест УФО-објекти како минуваат низ Меѓународната вселенска станица ISS додека екипажот ги снима, а секунди пред сликата да биде пресечена таа е заменета со видео што ја прикажува внатрешноста на собата за брифинг.
Иако сликата доаѓа од НАСА, теоретичарите на заговор се сомневаат за брзината со која таа стигна и беше објавена од страна на медиумите.
Зборувајќи во видеото направено од SecureTeam10 channel, господин Глокнер вели:
„Не верувам дека станува збор за метеори. Она што многу луѓе не го разбираат е дека видеото е во временска рамка. Ја гледате земјата како се врти со голема брзина и гледаме светлина како доаѓа од вселената. Изгледа како да се движи со 85 mph (136 километри на час).
Но, кога ќе пресметате со колкава брзина Земјата навистина се врти на снимката и доколку таа е забавена, светлината ќе се движи многу, многу побавно.
Брзината е побавна, дури и од најбавните метеори.
Зошто го прават ова? Зошто медиумите биле толку возбудени да го објават ова кога никогаш претходно не скокнале на ваква слична приказна толку бргу?
Господин Глокнер исто така вели дека тркалезната топка доаѓа од премногу стрмен агол за да биде метеор.
Во видеото тој го споредува објектот со друг метеор кој паднал на Земјата во 2011 година од метеорскиот дожд Персеиди.
Господин Глокнер додаде: „Доколку го споредиме ова со она што тие го нарекуваат метеор на оваа слика, во ниту еден момент овој таканаречен метеор не личи воопшто на оној од сликата што е сликан во 2011 година. Едноставно, не личи. Тоа е краток, тврд објект, кој тука на оваа слика воопшто не изгледа ни најмалку како другиот метеор.
Можеме да го видиме како енергијата во новото видео од објектот исчезнува.
Но, не се согласуваат сите за паранормалното објаснување што се нуди.
Во изјавата за MailOnline, Најџел Вотсон, автор на УПО-истражниот прирачник, изјавил дека НАСА никогаш не може да победи кога станува збор за справување со НЛО.
Во овој случај SecureTeam10 се пожалил дека агенцијата избрзала со објавувањето на снимките и само го објавила метеорот како објаснување.
„Претпочитам да ѝ верувам на НАСА отколку на SecureTeam10 во кој било момент“, изјави Вотсон.
„Дури и ако тоа биле некакви тврди предмети, остатоци, тоа не ги претвора во вонземски извидници кои имаат мисија да ја нападнат нашата планета, нешто што SecureTeam10 си го замислува секојпат кога ќе види некаква светлина снимена од камерите на НАСА“, додава Вотсон.