Уште една жена го обвини Епстајн за сексуално злоставување

Ејми Меклур е новата жртва која се најде на списокот на жени кои го обвинија педофилот милијардер Џефри Епстајн, кој годинава се самоуби во затворската ќелија во Њујорк додека го чекаше судеењто. Ејми јавно се приклучи во обвинувањата велејќи дека Епстајн ја силувал во 1993 година, кога имала 21 година.

Епстајн кој тогаш имал 40 години ѝ рекол дека е престара за него. Ејми раскажа како се запознале двајцата и дека заедно почнале да излегуваат кога се преселила од Калифорнија во Њујорк, каде сакала да работи како модел.

Двајцата се виделе првпат на една журка во палата на Менхетен. Се запознале преку мистериозен Французин, кој на Епстајн му кажал дека Ејми е совршена девојка за него. Утредента двајцата повторно се виделе.

„Ми рече да се соблечам за да види како изгледам, а потоа кога му кажав дека имам 21 година, ми кажа дека сум била престара за него. Букавлно ме понижи. Ме натера и на орален секс. Се сеќавам дека викав и го молев да престане. Потоа ми се закани дека ќе ми ја уништи кариерата, ако кажам што ми направи. Се почувствував посрамотено и глупо“, изјавила Ејми.

Ејми вели дека неколку години подоцна двајцата повторно се сретнале, но Епстајн не ја препознал. Ејми во интервју за британски „Сан“, јавно го праша синот на краицата Елизабета, принцот Ендру, зошто продолжил да се дружи со Епстајн и покрај првите јавни обвинувања за сексуално насилство на малолетни девојки.

 

Scroll to Top