Поранешниот потпретседател на компанијата „Пфизер“, доктор Питер Рост, проговори за опасностите на вакцината „гардасил“ тврдејќи дека „Биг фарма“ има цел да ги одржува луѓето во живот, но истовремено да бидат нездрави.
Подолу се наоѓа видеоисечокот од преземениот документарен филм „Уште една девојка“, во кој доктор Рост открива како вакцините и фармацевските компании произведуваат лекови и на тој начин ги одржуваат луѓето постојано да бидат болни.
Доктор Рост исто така е автор на книгата The Whistleblower: Confessions of a Healthcare Hitman. Со оглед на неговото работно искуство, со право може да се каже дека тој е вистински инсајдер и експерт за маркетинг-фармацевските компании.
Подолу се наоѓаат и неколку цитати што ги имаат напишано поранешни и моментни уредници од двете најголеми, најверодостојни медицински списанија во светот.
Тие го навеле точно она што е во изразита врска со она што доктор Рост го навестува во видеото.
„Едноставно, повеќе не е можно да им се верува на клиничките истражувања што се објавуваат или, пак, да се потпрете на дијагнозата на доверливите лекари или авторитарните медицински насоки. Не уживам во овој залучок кој сам полека и неволно во текот на моите две децении истражување го донесов како уредник на New England Journal of Medicine, вели доктор Марика Ангел, лекар и долгогодишен уредник на тоа медицинското списание.
„Случајот против науката е едноставен: Многу научни литератури, можеби дури и половината, може едноставно да бидат невистинити. Студиите, со неколку исклучоци, може да бидат без истражувачки анализи и флагрантно во конфликт на интереси заедно со опсесијата во која мора да се следат модерните трендови на важна сомничавост, така науката се сврте кон темнината“, вели доктор Ричард Хортон, моментниот уредник во медицинското списание Lancet, кое се смета за еден од најважните и најпочитувани рецензирани медицински списанија на светот.
Видете што вели доктор Рост:
Време е да го преиспитаме моментот на медицински истражувања и да ја видиме големата слика.
Во 2005 година доктор Џон Јоанидис, моментниот професор на одделението за превенција при Универзитетот „Стенфорд“, го објави најчитаниот текст во историјата на Public Library of Science со наслов „Зошто повеќето објавени налози на истражување се лажни“.
Во извештајот стои:
„Тоа се поврзува со загриженоста за тоа дека најновите објавени резултати на истражувањата се лажни“.
Сега имаме голема количина докази и изјави на експерти што доаѓаат исклучиво од струката, кои ја опишуваат загрижувачката слика.
Науката што ги едуцира лекарите и го развива лекот е дефицитарна. Ние досега сме најмногу изложени на истражувања што се спонзорирани од страна на големите фармацевски компании, а тие студии не се дизајнирани за да дадат долгорочен поглед на настаните.
Тие не се дизајнирани за откривање на проблемите што може да се појават години или можеби децении по третманот со лекови или да се испита ризикот на земање лекови на подолг период. Никој никогаш не спомнал или признал дека многу студии јасно покажуваат значителен ризик поврзан со многу производи што фармацевтските компании ги произведуваат во борбата против болестите.
Уште повеќе загрижува недостигот на свест кај општата популација кога станува збор за тие факти. Ова прашање, дефинитивно, нема да биде проследено од страна на мејнстрим-медиумите и покрај обилниот број докази што тоа го поткрепуваат. Некои луѓе ќе одбијат да видат или да признаат дека опасноста или проблемот постои и е реален.
Тоа е голем проблем, нашиот свет се менува и мора да го држиме умот отворен и да бидеме отворени за нови можности во поглед на природата на нашиот свет. Во ред е да ги видиме податоците што одат против она во што вие верувате, всушност, потребно е да се тргне напред и да се создаде подобар свет за себе.
Вие мислите дека погоре наведените изјави на долгогодишните уредници на тие големи рецензирани научни списанија (очигледно најдобри во светот), некоја претпазлива информација од страна на докторите, ќе ја слушнете во мејнстрим/медиумите. Но, тоа нема да се случи.
Кога доктор Рост работел за „Пфтизер“ имал неколку настапи во мејнстрим-медиумите. Имал интервју во познатото списание „Волстрит џурнал“ пред 10 години пред да свирне со свирчето.