Вакцинираните лица се одговорни за ширењето заушки

Неодамнешната епидемија на заушки на Универзитетот Харвард се случила затоа што вакцинираните студенти ја рашириле болеста во целиот кампус, според податоците од Одделението за јавно здравство, пренесува yournewswire.

Истражувачите сега велат дека секоја нова појава на заушки веројатно потекнува од луѓето кои се вакцинирани против болести, а не од оние кои останале невакцинирани.

Mercola.com известува:

Уште во четири кампуси во Бостон службите исто така почнале да се соочуваат со заразата, како и во четири универзитети во Индијана. Околу 13 случаи со заушки исто така биле забележани и во Калифорнија.

Едно глупаво објаснување што го понудил доктор Амеш Адаља, експертот за заразни болести на Универзитетот во Питсбург медицинскиот центар за здравствена безбедност, е дека вакцините дејствуваат само ако субјектот е изложен на мала количина од вирусот, а не може да се очекува дека вакцината ќе дејствува на субјектот ако тој е изложен на поголема количина на вирусот како што е тоа случај со семејствата во домовите.

„Изложеноста на заушките е во толкава мера голема во таквите ситуации што ја надминува способноста на вакцината дека биде ефективна и да ги заштити заболените“, изјавил Адаља за Live Science.

Во тие посебни ситуации потребно е многу поголемо ниво на антитела против заушките за  вирусот да биде уништен.

Во 2009 година повеќе од 1000 луѓе во Њу Џерси и Њујорк заболеле. Во тоа време се поставило прашањето за ефикасноста на вакцините затоа што 77 % од заболените биле вакцинирани.

Слично сценарио се случило во 2006 година, кога заушките заразиле повеќе од 6500 луѓе во САД и повеќето од тие случаи биле забележани кај вакцинираната популација, првенствено меѓу студентите кои примиле две дози на ММР-вакцини.

Сега, ако вакцината навистина е ефикасна и за да се избегнат какви било зарази и болести вреди да се ризикува од можните нуспојави, тогаш голем дел од експертите се согласуваат дека користењето на вакцините ги надминува ризиците.

Но, ако вакцината е неефикасна и/или ако болеста не претставува преголема закана, во тој случај вакцината навистина може да претставува неприфатлив ризик. Тоа особено вреди ако вакцината е поврзана со сериозни нуспојави.

За жал, тоа е случај и со MMR-вакцината, која е поврзана со најмалку 98 смртни случаи и 694 случаи со инвалидитет, во периодот меѓу 2003 и 2015 година, со оглед на фактот дека само 1 до 10 проценти од реакциите на вакцините се пријавени, а тие бројки би можеле да бидат блиску до 980 смртни случаи и 6940 случаи со инвалидитет.,

Во меѓувреме, смртта од заушките е исклучително ретка, а според CDC досега никој не умрел од заушки во текот на која било од наведените епидемии.

 

 

 

Scroll to Top