Десет илјади вештерки во Калифорнија и во САД ветиле дека ќе му фрлаат магија на претседателот Трамп секој месец во настојување да го осуетат неговото претседателствување во Белата куќа.
Вики Адамс од Лос Анџелес, која води окултен дуќан во Холивуд, вели дека целта на магијата е Трамп да престане да испраќа американски војници во војна, во странски земји и воопшто да работи што и да било негативно.
Илјадници вештерки му се придружија на повикот на Мадона и Лана дел Реј, кои неодамна фрлија свои магии на претседателот во настојување да го убијат.
Вики изјави за SunOnline: „Фрлањето магија на Доналд Трамп не е клетва или проклетство – тие само ги врзуваат Трамп и неговите помагачи повеќе да не нанесуваат штета и раздор меѓу луѓето, животните, околината и сè друго, пренесува thesun.co.uk.
#bindtrump #magicresistance #feb24 A Spell to Bind Donald Trump and All Those Who Abet Him: February 24th Mass Ritual pic.twitter.com/EhHNRwsssP
— Kitty_Lemiew (@Kitty_Lemiew) 23 February 2017
„Тоа не е само во САД – во овој момент тоа е глобална работа“.
Не се согласуваат сите со фрлањето магија во поганската заедница – некои луѓе мислат дека ќе има кармички последици. Јас им помагав на луѓето во поставувањето на ритуалите за фрлање магија – луѓето доаѓаа ваму барајќи насоки, особено кога првпат беше фрлена магија претходно оваа година.
Собиранките се случуваат еднаш месечно – следната е на 18 септември.
Сега, веројатно, ќе учествуваат неколку десетици илјади вештерки – тоа е тешко да се знае – но, секако, голем број вештерки се собираат заедно секој месец за да ја фрлат оваа магија.
Во историјата веќе се има слушнато за такви работи што ги правеле вештерките, како што е влијанието пред неколку децении.
Во Англија бил познат случајот во кој британските вештерки помогнале да се спречи навистичката инвазија.
За да можат да му фрлат магија на Трамп, Вики советува луѓето да користат тарот-карти, портокалови свеќи, незгодна фотографија од Трамп и пердуви од птици.
Тој вели: „Тоа е еден облик на симпатична магија и тоа е многу моќна работа“.
Магијата доаѓа во момент на глобален бес кој се создава благодарение на големиот број политички одлуки на претседателот Трамп.
Тој е на удар поради својата политика во изградбата на ѕидот меѓу САД и Мексико и откажувањето на прогамата на здравствената заштита под името Обамакер заканувајќи се за иднината на илјадници млади имигранти во САД.
„И покрај толку негативните одлуки, никој не повикува на смрт за претседателот Трамп или слично, туку тоа е повеќе насочено кон Конгресот,со цел да го спречи да ги спроведе неговите закони“, објаснува таа.
„Магијата не се врзува за секој аспект од неговиот живот – само оној во улогата на претседател – затоа што многу луѓе ги доживуваат неговите постапки како многу штетни и против желбите на народот во Америка.
Вики тврди дека паганизмот бргу расте во популарноста.
„Можете да го видите во многу ТВ-емисии и филмови кои се вртат околу магијата“, вели таа.
„Само прелистајте го „Инстаграм“ под поимот вештерки, вештици… тоа стана модерно. Тоа не беше така пред 20 години, но сега е популарно“.
Видете како изгледа едно собирање на кое му се фрлаат магии на Доналд Трамп пред неговата „Трамп кула“: