Кристофер Вотс убиецот од Колорадо издржува доживотна робија откако во август минатата година ги убил својата ќерка Селест (3), Бела (4) и бремената сопруга Шенен (34).
Тој тврди дека бил опседнат од дух кога го извршил убиството. Духот му наредил да го убие семејството. Убиството ја крена Америка на нозе, а судијата Марчело Копкоу кој судел над илјадници случи, ваквиот злостор го нарекол најнехуман и најпеколен кој некогаш го имал видено.
Вотс прв пат стигна во жижата на јавноста, кога пред камерите раскажа дека жена му и децата исчезнале, а тој упатил апел до сите за помош во нивното пронаоѓање. На тој начин Вотс ја замајувал американската јавност со денови. Полицијата за среќа, брзо сватила дека неговата приказна е полна со нејаснотии и почнала да истражува.
На крајот се испоставило дека Вотс имал љубовница, дека имал секс и со машка проститутка, а неговиот таен живот бил како во филм полн со перверзии. Година дена подоцна од злосторот кој ја шокирал цела Америка, се јавила и мајката на Вотс, која изјавила дека нејзиниот син и пишал дека го пронашол Бог.
„Сеуште сум татко. Сеуште сум син, без оглед на сè. Сега на таа мешавина можам да додадам дека и јас сум Божји слуга. Бог ми го покажа мирот. Мирот, љубовта, простувањето. Така живеам секој ден“, напишал Вотс.
Вотс сега тврди дека можеби не би го направил злосторот, ако неговата љубовница и колешка Никол Кесинџер не манипулирала со него. Полицијата ги нашла љубовните фотографии во неговиот мобилен телефон, а Кесинџер на почетокот тврдела дека не насетила дека тој е способен да го убие семејството.
Има и такви кои наседнале на неговата приказна. Уште две жени за кои само наводно има сознанија дека биле негови пријателки кои се претставиле како Ана и Кејт, тврдат дека тој им кажал дека бил опседнат и дека му било искрено жал поради тоа што го направил.
„Крис ми кажа дека се чувствува како да бил опседнат од зол дух. Чувствувал како некој да превзема контрола над неговите раце и ја дави неговата сопруга и деца. Тогаш кога се разбудил во реалноста, се чувствувал како да бил опседнат“, изјавила Ана.
Вотс не открил кој му рекол да ги закопа децата и сопругата и да ја лаже цела Америка со денови додека полицијата не го открила. Судијата го осудил Вотс на доживотна робија.