(Видео) Американската војска го пренела коронавирусот во кинескиот град Вухан

Американската војска го пренела коронавирусот во Вухан, тврдат голем број теоретичари на заговор. Новиот коронавирус под името Covid-19 можеби има потекло од САД, а за тоа извести и јапонската телевизија „Асахи“, медиумска куќа која се смета за една од најголемите во Јапонија.

Во извештајот што го направила јапонската телевизија е наведено дека 14.000 Американци, кои починале од грип во последната деценија, на некој начин биле заразени со коронавирусот. Како што наведува телевизијата, оваа вест ги потикнала стравовите и предвидувањата дека новиот Covid-19 би можел да се појави и во САД.

Телевизиската станица сугерира дека Владата на САД веројатно не била свесна за ширењето на заразата во земјата. Според неколку корисници на кинеската социјална мрежа Veibo, вирусот во Кина се појавил за време на Светските воени игри кои во октомври се одржани во Вухан, а на кои се појавиле и американски учесници.

„Можеби е дојдено до мутација на вирусот кој станал смртоносен, а заразата предизвикала ширење на епидемијата“, пренела јапонската телевизија „Асахи“.

На 14 февруари од Центарот за контрола и превенција на болести во САД изјавиле дека почнале да ги оценуваат луѓето заболени од грип, за да откријат дали се појавил нов коронавирус во јавните здравствени лаборатории во Лос Анџелес, Сан Франциско, Сиетл, Чикаго и Њујорк.

Шен Ји, професорка за меѓународни односи на Универзитетот Фудан во Шангај, изјавила дека глобалните виролози работат на следење на потеклото на коронавирусот, вклучувајќи ги и известувачките агенции.

Властите во Вашингтон досега потврдиле 35 случаи на нов коронавирус во земјата. Медиумите известиле дека од  американскиот Центар за контрола и превенција на болеста работат за здравствениот сектор на зголемување на подготвеноста пред вирусот да се насели во САД.

Кина во саботата објави дека бројот на умрени од коронавирус во земјата е пораснат на 2345, затоа што 109 нови смртни случаи се забележани во петокот.

 

Светската здравствена организација (WHO) предупредила во петокот дека време е да се искорени COVID-19, и изразиле загриженост поради случаите кои се појавиле надвор од Кина, без јасна епидемиолошка поврзаност со епидемијата во Вухан.

Од американскиот Центар за контрола и превенција на болеста отфрлена е приказната на телевизискиот канал „Асахи“, тврдејќи дека нема доказ што би ја поддржал приказната која вели дека многу случаи на смрт од грип во САД се предизвикани од Covid-19.

Извештајот на јапонската телеизија вчера направи голема паника на социјалните медиуми во Кина, подигнувајќи ги стравовите и шпекулациите дека во земјата новиот коронавирус можеби има потекло од САД.

Од американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC) велат за кинескиот „Глобал тајмс“ дека не постојат докази кои ги поддржуваат наводите на телевизијата „Асахи“.

Од CDC велат дека сè уште не е почнат надзор на заедницата за Covid-19, иако е докажано дека во САД има 14 потврдени случаи и уште 21 случај е потврден меѓу луѓето кои се вратени од градот Вухан и бродот „Дајмонд принцес“ од Јапонија.

Кинескиот „Глобал тајмс“ наведува дека приказната која ја објавила јапонската телевизија „Асахи“, во саботата, ги поттикнала разните теории на заговор во кинескиот кибернетички простор.

„Светските воени игри се одржани во Вухан во октомври. Можеби американските учесници го донеле коронавирусот во Вухан. Кај вирусот е дојдено до мутација, што го направило посмртоносен и позаразен и предизвикал поширока распространетост оваа година. Ова главно е приказната која по репортажата на јапонската телевизија се рашири и на кинеската социјална мрежа „Виебо“.

Scroll to Top