Американската компанија „SpejsX“ ја лансираше ракета „Фалкон 9“, во која, како што пренесуваат светските медиуми, се наоѓа таен владин сателит под името „Зума“.
Ова лансирање, кое компанијата го пренесувала во живо, било првото лансирање кое компанијата „SpejsX“ го извела оваа година. Ракетата била испратена во вселената од американската воздухопловна база Кејп Канаверал во неделата во 20 часот по локално време.
Првиот дел од ракетата осум минути подоцна успешно слетал на земјата.
Засега се ограничени информациите за точните функции на овој сателит.
Компанијата „Nortrop Gramen“, која има договор со Министерството за одбрана на САД, ја избрала „SpejsX“ компанијата да ја произведе ракетата и да ја лансира.