Телевизијата Sky News објави снимка од внатрешноста од американскиот авион за евакуација од градот во Авганистан, Кабул.Додека илјадници луѓе на аеродромот чекаат место за летот, за да се спасат од талибанците, некој за време на евакуацијата успеал во авионот да стави автомобил.
Некои од светските медиуми пишуваат дека рокот за евакуација истекува и дека потоа талибанците ќе немаат милост. Американците со своите сојузници се обидуваат да евакуираат колку е можно повеќе Авганистанци, откако талибанците ја превземаа власта во земјата.
Рокот за евакуација е до 31 август, а талибанците се закануваат дека нема да го продолжат и дека останувањето на Американците ќе го сватат како продолжување на окупацијата.
На аеродромот во Кабиул е распад систем, луѓе се туркаат, умираат во стампедо, на почетокот дури и се врзуваа за авионите па испаѓаа во воздух. Со еден збор хаос, пренесуваат медиумите.
Очајни мајки се обидуваат да ги префрлат своите бебиња преку жиците, а ги примаат американските војници. Овие слики го обиколија светот. Тоа се слики на поразот, коментираат дел од светските аналитичари. Луѓето чекаат лет за спас, а во авионот има лимуѕина?
Тоа е уште една слика која во најмала рака изгледа чудно. Сликата е дел од снимката која ја објави Sky.news. Во авионо кој пренесува бегалци од Авганистан. За тоа место во авионот, луѓето буквално се тепаат, кубат се газат по пистите.
„Тоа е место за спас, а во авионот лимуѕина. Добро не се разбираме во логистичко оперативните работи околу евакуацијата од воено погодеинте подрачја, но, тешко е да не се забележи дека наместо овој автомобил во него можеле да се сместат, 20, 30, ако не и 50 луѓе“, коментираат на социјалните мрежи.