(Видео) Бил Гејтс на климатскиот самит во Глазгов, покрај пандемијата предупреди на нова опасност која му се заканува на човештвото

Милијардерот Бил Гејтс предупреди на самитот за климатските промени на Обединетите Нации во Глазгов, COP26, дека покрај пандемијата, на човештвото му се заканува нова опастност. Тој наведе дека во иднина може да се очекуваат терористички напади со биолошко оружје.

Тој ги повика богатите моќници да инвестираат и по милијарди долари во таканаречени „Игри микроби“, за да може човештвото соодветно да одговори. Гејтс тоа го рече додека разговараше со Џереми Хантом, претседавачот на Комитетот за здравство и благосостојба во британскиот парламент и поранешен британански министер за здравство.

Основачот на Мајкрософт повика на формирање на глобален пандемиски ударен тим во Светската здравствена организација. „Ни се заканува биотероризам, потребни ни се милијарди, рече тој.

„Потребни се околу милијарда долари годишно за пандемискиот ударен тим во СЗО, кој би се занимавал со надзор и на она што се нарекува „Игри на микроби“, односно увежбување на одговор“, рече Гејтс.

Тој наведе и пример како терористите би можеле да нападнат повеќе аеродроми во исто време со вирусот на големи сипаници и дека тоа би можело да биде едно од сценаријата за увежбување на „Игрите на микроби“, како би се подготвиле за евентуален напад.

Тој објасни дека постојат природни предизвикани епидемии, но, дека тие можат да бидат и последица на биотероризам и како такви можат да бидат и полоши од природните. Но, како што додаде, напредокот во науката би требало да ни го даде соодветното орудие за подобар одговор од тој што го имаме во моментов.

Милијардерот рече дека земјите како САД и Велика Британија, би требало да вложат десетина милијарди во истражувања и развој, за да се подготвиме за следната пандемија.

Тој се надева дека светот за пет години ќе биде подготвен за одговор на можна нова пандемија, но, дека за тоа е потребно сеопфатно вложување во развојот и истражувањето.

„Тоа би можело да доведе до бројни иновации, а за да бидеме подготвнеи за можна нова пандемија, треба да го искорениме грипот и настинката, да направиме вакцините да бидат евтини и да имаме големи фабрики, да направиме вакцини кои би можеле да бидат во облик на мал фластер кој ќе може да се стави на раката, а сето тоа да биде многу корисно и доколку нема пандемија“, рече Гејтс, а пренсе „Скај њуз“.

Немаме вакцини кои го блокираат преносот на коронавирусот. Еден од најбогатите луѓе на светот ја спомена и вакцината која во моментов се користи против ковид 19.

„Немаме вакцини кои го блокираат преносот на вирусот. Имаме вакцини кои помагаат на вашето здравје, но само малку го намалуваат преносот. Потребен е нов начин на правење на вакцини“, рече Гејтс.

Scroll to Top