(Видео) Дали е можно стјуардесите да спијат овде? Многумина останаа зачудени по ова видео

Стјуардесите се одговорни да ви донесат храна и пијалоци, да ви го олеснат летот и дали некогаш сте се запрашале што прават кога не се грижат за патниците?

Да бидеме уште поконкретни, дали некогаш сте размислувале каде одмараат стјуардесите за време на долгите летови, кои можат да траат и до 12 часа…

Стјуардесата Кејти им откри на своите следбеници на „TikTok“ како изгледа нејзиниот простор за спиење, а многумина беа изненадени, пренесува „New York Post“.

„За сите патници кои се прашуваат каде исчезнав на сред лет“, напиша Кејти, а нејзиното видео „собра“ повеќе од 2 милиони прегледи.

Ја гледаме како го подготвува креветот, комплет со чаршафи, перница и сигурносен појас, но што толку ги „вознемири“ гледачите?!

 

@distractingkaytee BRB nap break 🥰🥰 #cabincrew #flightattendant #crewrest #fyp ♬ Vlog – Soft boy

Ограничен простор

„Што е ова, ковчег?“, „Мојата клаустрофобија никогаш не би го дозволила тоа“. „Ми здодеа да го гледам“, „Изгледа дека спиеш во скенер за магнетна резонанца“, биле дел од пораките.

Навистина, просторот во кој беше Кејти беше тесен, но тоа не е невообичаено кај авиокомпаниите. Вообичаено, местата за одмор се наоѓаат над или под главната кабина, во задниот дел на авионот.

Во овие „капсули“ кабинскиот екипаж има приватност, мир и тишина, но немаат светлина и прозорци, како што може да се види на видеото. Се разбира, просторот за одмор не е ист на секој авион.

Scroll to Top