(Видео) Фотографка во Аргентина сними редок природен феномен, а некои трврдат дека е премин во друга димензија

Таканаречениот портал во друга димензија предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, откако фотографката Габи Чавез сними ретка појава на југот на Аргентина. Она што го гледаме е елипсовиден ореол од светлина што лебди над прекрасен снежен пејзаж.

„Природата секогаш изненадува, снежните кристали летаат, а сончевите зраци се филтрираат низ облакот“, објасни таа на „Инстаграм“.

Сцената потсетува на научно фантастичен филм, но науката го препознава овој феномен. Тоа е одраз на сончевите зраци во облак од ситни ледени кристали. Кога светлината се рефлектира од кристалите во атмосферата, се создава необичен ореол како оној што го фотографирала Чавез, пишува „Дејли Стар“.

Откако видеото го објави на „Инстаграм“, истото предизвика голем интерес кај корисниците. Некои тврдат дека тоа било премин во некаква друга димензија.

„Време е да се вратиш од каде си дојде пријателке“, ѝ напиша еден од нив, а друг додаде дека никогаш досега немал видено вакво нешто и дека изгледа неверојатно магично.

Scroll to Top