(Видео) Илон Маск има двојник во Кина

Видеото од еден Кинез кој многу личи на милијардерот Илон Маск, ги збуни фановите, пишува Њујорк Тајмс. Тој стана популарен на социјалните мрежи, откако неговото видео беше прегледано повеќе од 10.000 пати. Тој толку личи на Маск, што некои од фановите тврдат дека е монтирано.

Видеото е објавено на мрежата Douyin. Видеото и е снимено во гаража додека двојникот на Маск разговара со снимателот. Некои тврдат дека Кинезот користел апликација за дигитално го измени својот лик за да изгледа како Маск.

Станува збор за алатката Deepfakes, која станува се почеста во апликациите како ТикТок, каде постои опција за луѓето го сменат својот лик во некои од светските ѕвезди, како што се Том Круз, Карди Би, Скарлет Јохансон, Двејн Џонсон, Бред Пит и многу други. .

 

 

Scroll to Top