(Видео) Инфлуенсер го истетовирал „Меси“ на челото, па зажалил: „Посакувам да не го направев тоа“

Колумбискиот инфлуенсер Мајк Џембс го истетовирал името на Лионел Меси на неговото чело.

Покрај името на славниот фудбалер, тој имаше истетовирано и три ѕвезди, со оглед на тоа што Аргентина три пати беше светски првак.

Потоа ја објасни својата одлука.

„Се каам што ја направив тетоважата, бидејќи наместо позитивни работи, ме доведе до многу негативни ситуации, како лични, така и за моето семејство. Не мислев дека ќе го кажам тоа толку брзо и се чувствував многу горд на она што го направив, но сега посакувам да не го сторив тоа“, рече тој.

Scroll to Top