(Видео) Како Хитлер планирал да ја освои Америка

Магазинот Life објавил мапи од минатиот век, на кои се забележуваат разните сценарија според кои Германија и Јапонија требало да ја нападнат и освојат Америка. Периодот откако Јапонците го бомбардирале Перл Харбор и влијаеле на тоа САД да се приклучи во Втората светска војна, се смета за време кога Хитлер бил незапирлив.

Германските сили на источниот фронт напредувале кон Москва, а Хитлер во тој период бил сигурен во својата победа. Јапонија ги бомбардирала британските, холандските и американските упоришта стационирани во Тихиот океан, а американските бродови морале да се носат со разорните напади на камиказите.

Имало разни планови за инвазија на американскиот брег, па и можни напади на западниот брек и Калифорнија.

План 1:

Детали од германско – јапонската инвазија и нападите на американскиот брег.

План 2

Јапонска инвазија на западниот брег низ Перл Харбор и Калифорнија

План 3 

Напад на јапонската и германската флота, преку бомбардирање на Панамскиот канал и слетување во Еквадор.

План 4 

Четвртиот план бил комбинацја од напад на поморските сили на Оската и нивното превземање на Атлантикот, што би можело да доведе до евентуална инвазија на САД преку реката Мисисипи.

План 5

Имало можност и за напад низ Норфолк.

План 6

Шестиот план бил напад преку Канада низ реката Лоренс и Хадсон Вали. Нацистички документи кои детално ги опишуваат плановите за планираниот холокауст во Северна Америка излегле на виделина, но не е јасно до која мера Германија планирала инвазија на САД. Познато дека Хитлер експриментирал со проектили со долг домет.

Без разлика за тоа колку се познати и релевантни фактите и мапите со кои Хитлер планирал заедно со Јапонија да ги нападне САД, јасно е дека во земјата меѓу американскиот народ владеел страв и паника од потенцијален напад.

 

Што се однесува до Јапонците, тие на крајот сами тргнале во својот потфат на напад врз САД. Наводно две години развивале сериозен проект на изработка на илјадници лесни, но издржливи балони бомби, кои планирале да ги испратат преку Тихиот океан во 1945 година.

Со помош на тие балони Јапонците имале во план да извршат масовни шумски пожари. 9000 такви Fu-Go балони биле пуштени во декември 1944 година до април 1945 година. Повеќето од нив завршиле во океанот.

Само неколку балони стигнале до целта, а во тие напади загинале пет деца и една бремена жена во Орегон. Јапонците по неуспешната мисија се откажале од ваквиот план, и се вратиле на веќе испробаните тактики.

Можби инвазијата во САД завршила со тие огнени балони, но сигурно е дека откриените карти и планови покажуваат дека можело да дојде до застрашувачки напад.

 

Scroll to Top