(Видео) Како ќе изгледа светот во 2070 година: Преку 3 милијарди луѓе ќе бидат изложени на екстремни горештини

Брзиот пораст на температурата е поврзан со климатските промени во комбинација со растот на население, што значи дека за околу 30% од светската популација во наредните 50 години ќе живее на места со просечна температура поголема од 29 степени целзиусови.

Во моментов само 0,8% од земјината копнена површина има средна годишна температура од 29 степени, главно во најтоплите делови на Сахара. Но, научниците предвидуваат дека до 2070 година, 19% од копнената површина на планетата ќе ја достигне оваа температура.

Повеќе од 3 милијарди луѓе до 2070 година ќе живеат на места кои ќе бидат речиси невозможни за живот. Поради климатските промени на температурата, некои делови од планетата ќе бидат во рангот со најтоплите делови на Сахара.

Се поставува прашањето што ќе биде со луѓето доколку дојде до такво нешто. Научниците велат дека постојат 2 сценарија како одговор на ваквата промена.

Луѓето ќе се прилагодат на животот во значително поинаква клима, или ќе дојде до масовни миграции, затоа што животот на тие места нема да биде возможен.

Азија

До 2070 година, популацијата во Азија би можела да порасне за повеќе од 5 милјиарди, а голем број земји ќе ги искусат средните годишни температури поголеми од 29 степени.

Се предвидува дека речиси целиот дел од Обединетите Арапски Емирати и Камбоџа ќе станат речиси невозможни за живот, вклучително и густите наслени подрачја на Виетнам и источен Пакистан.

Африка

Популацијата на Африка ќе доживее експлозија на населеништво. Имено во моментов има 1,2 милијарди луѓе, кои живеат во Африка, а оваа бројка ќе се удвои на 2,4 милијарди. Нигерија веројатно ќе стане 3-та најмногубројна земја на светот до 2050 година и ќе го надмине САД.

Лагос, најголемиот град во оваа афричка држава, ќе биде најголемиот град на светот според бројот на жители до 2075 година, со 61,5 милиони луѓе.

Исто така, 81% од предвидената популација во Нигерија од 477 милиони би патела од екстремните температури. Тоа би можело да ги натера голем број луѓе да емигрираат, но, многу е тешко да се предвиди развојот на ситуацијата.

Европа

За Европа се предвидува дека ќе биде единствениот континент кој ќе ги избегне средните годишни температури над 29 степени целзиусови. Од друга страна, големото подрачје како Скандинавија, источна Русија и зејите кои се граничат со медитеранот, би можеле да очекуваат раст на температурите и до 5 степени до 2070 година, според најлошто сценарио.

Северна Америка

Според најестремните сценарија, државите кои се наоѓаат на југот на САД би станале многу потопло, особено оние кои се граничат со Мексиканскиот залив. Средна Америка би го носела најголемиот терет поради зголемените температури.

 

Исто така делови од Канада и Аљаска под Арктичкиот круг ќе доживеат шок на температурите. Во моментов, ова подрачје воглавно е ненаселено, а се предвидува дека така и ќе остане.

Јужна Америка

До 2070 година, делови од Амазонската прашума во Бразил, заедно со околните земји, како што се Перу, Колумбија и Венецуела, ќе бидат невозможни за живот поради екстремните горештини.

Австралија и Океанија

Екстремните горештини во Океанија би биле ограничени воглавно кај ненаселените подрачја на Папуа Нова Гвинеја и северна Австралија, со што поголемиот дел од населението во Австралија претежно ќе остане сместено во јужниот дел и источното крајбрежје.

Scroll to Top