Една од најпопуларните теории во светот на музиката е онаа дека раперот Тупак Шакур ја лажирал сопствената смрт. Режиерот од Лос Анџелес Риб Бос цврсто верува дека музичарот е жив и планира да направи филм за целата приказна.
Глумецот и рапер Тупак почина на 13 јуни 1996 година, откако беше застрелан во Лос Анџелес. До ден денес многумина не веруваат дека е мртов. Во светот се шират разни теории, а дека не е мртов, верува и неговиот поранешен телохранител.
Тој многупати досега изјавил во медиумите дека му помогнал на раперот да ја лажира својата смрт и да се сокрие во Куба. Луѓе од разни краеви во светот во последните 23 години се јавуваат во медиуми велејќи дека го виделе раперот жив или дека имаат детали за неговата смрт.
Ова го поттикнало продуцентот Рик Бос да сними филм на оваа тема. Тој најави дека филмот ќе се вика 2Pac: The Great Escape From UMC, пишува The Rolling Stone.
„Во филмот ќе го следиме Тупак како заминува од Вегас и продолжува да живее во Ново Мексико. Филмот нема да биде фикција. Ова се факти кои доаѓаат од проверени извори“, изјавил Бос.
Глумецот кој ќе ја толкува главната улога ќе биде Ричард Гарсија. Тој не го дели мислењето со режисерот и понатаму верува дека раперот бил убиен во 1996 година. Се очекува филмот да излезе во 2021 година.
Исто така, приватниот детектив Џими Пол тврди дека постојат докази дека раперот е жив и здрав и дека живее во Белизе. Пол ја истражувал неговата смрт за да види дали постои вистина во тоа дека Тупак сè уште е жив. Особено откако полицијата во Лас Вегас до ден денес го држи отворен случајот со смртта на Тупак.
Детективот за странските медиуми изјавил дека во Централна Америка се криеле нови информации кои покажувале дека раперот е жив. Тој на својот јутјуб-канал објавил нова фотографија од раперот и е убеден дека истата е реална. На фотографијата се гледа Тупак во 40-тите години како позира со еден обожавател во ресторан.
„Се појави нова фотографија. Тупак е жив и добро живее во Белизе“, напишал детективот.
Голем број приврзаници на покојната ѕвезда не се убедени дека фотографијата е оригинална и коментираат дека Тупак изгледа како да е фотошопиран, затоа што главата не одговара со вратот.
Истражителот објавил и аудиоснимка за која тврди дека на неа се слуша гласот на Тупак, како разговара со негов пријател.
„Бог е сјаен и ќе ме пушти да се вратим како четириесетгодишник. Проклетствое. Добро сум, немам проблеми со никого, само сакам мир и среќа. Немав каде да одам, никој не сакаше да ме прими. Но, сè што ми беше во главата е еден ден да се вратам“, наводно изјавил Тупак.