(Видео) Ким Џонг-ун е жив, немал шлог и не е сменет во пуч, тврдат изввестувачките служби во Јужна Кореја

Главната известувачка агенција во Јужна Кореја соопшти дека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун е жив и дека тој функцијата си ја извршува нормално.

Тие ги негираа шпекулациите дека тој се онесвестил, дека имал шлог и дека морал да биде тргнат од функцијата поради здравствени проблеми.

Претходно се раширија шпекулации дека Ким неодамна доживеал мозочно крвавење и дека во пучот што го предводел неговиот роднина Ким Пионг-ил тој е сменет од власта.

„Можеме да потврдиме дека сите информации за здравјето на Ким се шпекулации“, навеле во соопштението од Јужнокорејската национална известувачка служба, пренесува „Јохнап“.

Според известувачите, Ким на 29 јуни, за време на целиот ден, претседавал на состанокот со Политбирото и нормално ги извршувал сите државни работи.

Здравствената состојба на Ким, кој е познат по своите лоши животни навики и прекумерната тежина, често го привлекува вниманието на јавоста. Тој често знае да ја изненади јавноста и да се повлече по што се создава хаос дека тајно развива нуклеарно оружје.

Тој само ги поттикнал шпекулациите за здравствената состојба откако неодамна објави фотографии на кои се гледа дека драстично е ослабен. Неколкунеделното отсуство по операцијата на срцето само ги поттикна шпекулациите дека тој e тешко болен.

Последен пат Ким е виден на заседението на Политбирото на Централниот комитет на Работничката партија на Кореја на 29 јуни кога зборуваше за сериозниот инцидент во здравствениот сектор.

Scroll to Top