Научници од Кина идентификуваа необична светлосна материја, која личи на гел, на темната страна од Месечината. Тие минатата година на овој дел од Земјиниот сателит го испратија кинескиот ровер „Јуту 2“.
Според анализата на сликите и споредувањето со примероците кои мисијата „Аполо“ ги донесе од Месечината на Земјата, станува збор за карпи. Поточно, растопени карпи, кои, веројатно, по ударот на матеор, се трансформирале во темнозелена сјајна, стаклена маса.
Роверот „Чанг-4“ открил кратер внатре во басенот на Јужниот Пол Аиткен (СПА), темнозеленикава и блескава карпа, која настанала по удар на некое тело на површината на Месечината.
„Оваа карпа е формирана со заварување, зацементирање и аглутинација на лунарниот реголит“, додале од „Јуту-2“ откако оваа блескава супстанција била првпат фотографирана на крајот на јули 2019 година.
Кинеските научници ја опишале како материја што личи на гел, што предизвикало необичен опис на нешто што се наоѓа на Месечината со оглед на тоа што се наоѓало на Земјиниот сателит на суво и правливо место.
Подоцна фотографиите покажале дека навистина сјајат, но и дека не мора да бидат во желатинеста форма, туку дека, веројатно, се работи за растопена супстанција.
Детаљната анализа на панормаските фотографии штпо ги снимил роверот ја поддржуваат оваа хипотеза.
Поконкретно, Шенг Гоу од Кинеската академија на науките и неговите колеги сакале да го одредат хемискиот состав на гелот, но и на околниот реголит. Дознале дека реголитот претежно се состоел од плагиоклас (околу 45 %), пироксен (7 %) и оливин (6 %), кои се прилично стандардни за мешавината на Месечината.
Им било малку потешко да го одредат составот на стаклестата супстанција, веројатно поради слабата светлост, така што успеале да дознаат само за повеќето количини плагиоклас (околу 38 %). Утврдиле дека овој материјал е со темнозелена боја и дека е со големина од 52 на 16 сантиметри.
Составот и описот на материјата личат на примероците што ги зеле од Месечината за време на мисијата „Аполо“, односно лунарниот примерок 15466 и лунарниот примерок 70019. Двата примерока се земени од ударните кратери, а класифицирани се како брекија.
Овој процес не морал нужно да се одвива во кратерот во кој карпата е пронајдена. Имено, реголитот е веројатно мешавина на материјал од два кратера, така што можно е материјалот да се формирал во друг кратер, потоа бил исфрлен и паднал во кратерот во кој го нашол „Јуту-2“.
Сепак, ова истражување има свои ограничувања. Прво, не можеле да го анализираат реалниот примерок со оглед дека тој се наоѓа на Месечината. Второ, светлината била многу слаба. „Јуту-2“ веќе тргнал на друго место, така што малку е веројатно дека ќе се добијат друг сет слики.
Како и да е, научниците сметаат дека овие резултати се прилично неверојатни со оглед на количината податоци со кои располагаат. Тие сепак велат дека може да претпостават дека се работи за лунарна карпа, а не за некоја таинствен слуз, кој се крие на темната страна на Месечината.