Ловците на вонземјаните и теоретичарите на заговори одамна тврдат дека не се сами во вселената, но сега веруваат дека постојат вонземјански облици на живот кој живеат во внатрешноста на Месечината, па дури и самите тие го изградиле природниот Земјин сателит.
Со внимателен преглед на фотографиите кои кинеската сонда „Чанг 3“, ги направила на површината на Месечината, уфологот од Шкотска Џорџ Грејм е убеден дека открил структура која изгледа како да ја направиле луѓе. Забележал и сокриен вселенски брод.
Меѓу многуте видео снимки кои Грејм ги поставил на Јутјуб се најдоа и две кои покажуваат „аномалија“ на површината на Месечината.
Една прикажува нешто што наликува на човек со шлем и визор, а телото на тоа суштество има пропорции на човек. Другото видео го покажува летечката чинија скриена зад карпите.