Пандемијата со коронавирусот предизвика страв и трепет кај многумина, но на поедини бизниси им донесе вртоглав профит, пишува Курир.рс.. Таков е примерот со оние кои се занимаваат со приватни подземни бункери и опреми за преживување.
Така една американска компанија која се претставува како најголема светска заедница за бункери за преживување, пријавила пораст од 500% во последните година дена, со пораст за побарувачка од дури 2000%
“I don’t think it’s any more paranoid than keeping a fire extinguisher in your house.”
Tom Soulsby is part of the ‘world’s largest bunker survival community’, which is seeing a 500% rise in sales thanks to #COVID19.
Read more on this story here: https://t.co/SNzGtCm3oN pic.twitter.com/lTJP4VzXJW
— Sky News (@SkyNews) December 13, 2020
„Вивос“ сега има речиси милион членови ширум светот, од кои 1.000 се од Велика Британија. Ваквите податоци не се за изненадување, со оглед на тоа што Британците сѐ повеќе ги посетуваат продавниците со залихи за преживување, кои се грижат за најлошото можно сценарио.
Проектот е наречен „сурвививализам“ и „преперизам“, и ги опфаќа луѓето кои се подготвуваат за нуклеарни војни, пандемија и слични катастрофи.
Иако стапката на криминал во Велика Британија, како и во голем број други делови од светот, е опадната за време на пандемијата, тоа не ги разубеди оние кои се во исчекување на апокалипса.
Некои од клиентите на оваа компанија, дури отишле уште чекор понатаму и веќе се имаат преселно во своите бункери. Кога Атланта во текот на март влезе во целосен „локдаун“, Том и Мери Зоулзби одлучиле да се преселат во своето засолниште во Јужна Дакота, кое владата првично го имала изградено како воена база.
Том за „Скај“ изјавил дека неговата сопруга има нарушен имунитет и поради тоа е преплашена. Поради тоа, кога виделе со каква брзина расте бројот на заразени, тие посакале да побегнат од милионите луѓе, кои би можеле да ги заразат.
„Најмногу од сѐ ви е потребна заштита од луѓе“, изјавил 70-годишниот експерт за „Виндовс“ серверите, кој сега работи од дома.
Не е само короната од која луѓето сакаат да се заштитат. Нив ги уплашија цела низа настани кои би можеле да бидат последица од појавата на вирусот. Како на пример, од недостиг и нарушен синџир на снабдување со основни прехранбени производи до широко распространети социјални немири.
„Мислам дека да се има вакво засолниште не е ништо параноично од држење апарати за гаснење пожар во вашиот дом“, изјавил тој.
Како и голем број на купци од „Вивос“, Том Соулзби, не верува дека владата ќе го заштити во случај на голема катастрофа.
Во Велика Британија, комбинацијата на коронавирус и стравот од прекин на трговијата, по брегзит, ги поттикнува луѓето да купуваат и производи како замрзната храна.
Џастин Џоунс, еден од директорите за продажба во UK Prepping Shop, изјавил дека нивната продажба пораснала за 487% во последните три месеци.
„Мислам дека луѓето не очекувале дека продавниците ќе се испразнат. Отсекогаш им се смееле на оние кои зборувале за тоа и кои сакале да се подготват во минатото. Тоа стана вистина и сега имаме нација на подготвувачи“, изјавил Џоунс.
Мајкл Милс, експерт за подготовки и предавач на криминологија од Универзитетот во Кент, изјавил за „Скај њуз“, дека со опаѓањето во вербата во институциите растела бројката на подготвувачи.
„Се чини дека осигурувањето дека поединец или мала група може да преживее, сама по себе е прифатлива идеја и основа за безбедност во светот, во кој, се чини дека другите извори на безбедност се речиси пред исчезнување“, вели Милс.